Платформата X, поранешно Твитер, која е во сопственост на Илон Маск, во текот на викендот ги ажурира политиките за формално да дозволи содржини за возрасни и насилство, пренесува Ал Џазира.
Според ажурираните упатства, платформата ќе им овозможи на корисниците да споделуваат сексуализирана содржина се додека таа е консензуална и јасно означена.
„Сексуалното изразување, без разлика дали е визуелно или писмено, може да биде легитимна форма на уметничко изразување“, се вели во упатството. Исто така, има упатство и за споделување на насилни содржини.
„Веруваме во автономијата на возрасните да се вклучат и да создаваат содржини што ги одразуваат нивните сопствени верувања, желби и искуства, вклучително и оние поврзани со сексуалноста“, стои во инструкциите.
За разлика од платформите како Инстаграм, Фејсбук, ТикТок и Јутјуб, Твитер никогаш експресно не забранил голотија и сексуализирана содржина.
Сепак, од како Маск го купи Твитер и го преименува во Х, драматично ја намали умереноста на платформата и ги врати претходно забранетите профили, вклучително и оние на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп и теоретичарот на заговор Алекс Џонс.
Маск тврди дека ја поддржува слободата на говорот, но критичарите го обвинија извршниот директор на „Тесла“ дека поттикнува говор на омраза и дезинформации.
Извор – Радио МОФ