Мозокот може да складира речиси 10 пати повеќе податоци отколку што се мислеше

- Advertisement -

Слично на компјутерите, складирањето на меморијата во мозокот се мери во битови, а нивниот број зависи од врските меѓу неговите неврони или синапси. Научниците веруваа дека синапсите имаат прилично ограничен број на големини и јачини, што потоа го ограничи капацитетот за складирање на мозокот. Сепак, оваа теорија беше доведена во прашање во последниве години, а новата студија во списанието Neural Computation ја поддржува идејата дека мозокот може да собере речиси 10 пати повеќе информации отколку што се мислеше.

Истражувачи од Универзитетот во Чикаго развија многу прецизен метод за проценка на јачината на врските меѓу невроните во дел од мозокот на стаорец. Овие синапси ја формираат основата на учењето и меморијата бидејќи мозочните клетки комуницираат на овие точки и на тој начин складираат и споделуваат информации.

- Advertisement -

Постојат повеќе од 100 трилиони синапси меѓу невроните во човечкиот мозок. Преку овие синапси се испраќаат хемиски гласници, што го олеснува преносот на информации преку мозокот. Синапсите се зајакнуваат или ослабуваат како одговор на тоа колку се активни невроните што ги сочинуваат, ова е феномен на синаптичка пластичност, а „зајакнувањето“ на синапсите ни овозможува да задржиме нови информации.

Научниците долго време се мачеа прецизно да ја пресметаат синаптичката пластичност и да измерат колку информации секоја синапса може да складира. Но, сега истражувачите од Чикаго користеле теорија на информации, математички начин за разбирање како информациите се пренесуваат преку системот. Ова им овозможи да квантифицираат колку информации може да се пренесат низ синапсите, земајќи го предвид „шумот во позадина“ на мозокот.

- Advertisement -

Пренесените информации се мерат во битови, така што синапсата со повеќе битови може да складира повеќе информации отколку онаа со помалку битови, објаснуваат истражувачите од компјутерската невробиолошка лабораторија на Универзитетот во Институтот за биолошки студии Салк. Анализата покажаla дека синапсите во хипокампусот можат да складираат меѓу 4,1 и 4,6 бита информации. Со тоа, тие го потврдија она што многу невронаучници досега само го претпоставуваа: дека секоја синапса носи многу повеќе од еден бит.

Овие наоди се засноваат на многу мала површина на хипокампусот на стаорецот, така што не е јасно дали се однесуваат на целиот стаорец или човечки мозок. Би било интересно да се утврди како оваа способност за складирање на информации варира во мозокот и меѓу видовите, велат рецензентите. Но, тие сугерираат дека овој метод треба да се користи во иднина за да се спореди капацитетот за складирање во различни делови на мозокот и да се проучува одредена област на мозокот во здрава и болна состојба.

- Advertisement -

(Bug.hr)

(фото: stocksnap.io)

Сподели!
- Advertisement -