Светот не е мирно место во моментов бидејќи има повеќе конфликти сега отколку во кое било друго време од Втората светска војна наваму.
Но, тоа не значи дека нема земји во кои владее апсолутен мир. Глобалниот индекс на мирот ја објави својата листа со најмирни земји во светот за 2024 година.
Рангирањето се заснова на 23 различни фактори, вклучувајќи ја политичката нестабилност, терористичката активност, смртните случаи од конфликти и воените трошоци. Шеснаесетта година по ред на првото место е Исланд, со оценка 1.112.
Ова е особено добро за финансирањето на мировните мисии на ОН, безбедноста и нискиот процент на затвореници.
Ирска е на второ место благодарение на малиот број раселени лица, додека Австрија е на трето место, благодарение на многу малиот број насилни демонстрации. Всушност, Европа има седум од првите 10 места, а Нов Зеланд, Сингапур и Малезија се единствени надвор од континентот, пишува Time Out.
Ова се топ 10 најмирни земји во светот;
1.Исланд
2.Ирска
3.Австрија
4.Нов Зеланд
5.Сингапур
6.Швајцарија
7.Португалија
8.Данска
9.Словенија
10.Малезија
(Bizlif e)
.