Вредноста на минималната сидникална кошница за јуни изнесува 60.325 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Пресметката е под претпоставка за семејство од двајца родители и две деца, кои живеат во сопствен стан од околу 60 квадрати. Доколку семејството живее во изнајмен стан и мора да плаќа кирија, износот на кошничката би бил 75.700 денари.
Поделени по ставки, за трошоци за храна и пијалоци од минималната синдикална кошничка отпаѓаат 21.952 денари (36,4%), трошоците за образование изнесуваат 7.022 денари (11,6%), додека трошоците за транспорт се 4.871 денар (8.1%).
Во меѓувреме, трошоците за облека и обувки изнесуваат 4.962 денари (8,2%), трошоците за станарина, вода, електрична енергија и греење се 6.014 денари (10%), 4.378 денари (7,3%) за рекреација и култура, додека за ресторан и хотели трошокот изнесува 3.890 денари (6,4%).
Нешто околу 3.240 денари (5,4%) од трошоците отпаѓаат за комуникација, 1.827 денари (3%) за хигиена, 1.069 денари (1,8%) за здравје и 1.100 денари (1,8%) за останати стоки и услуги.
Инаку, вредноста на кошничката во јуни е зголемена за 235 денари во споредба со претходниот месец, кога изнесуваше 60.090 денари, а за 3.162 денари е зголемена во споредба со јануари годинава кога изнесуваше 57.163 денари, односно за 5.5%
(Радио МОФ)