Преносот во живо наскоро ќе биде можно само со претплата на X, што ќе ја направи единствена социјална мрежа што наплаќа за оваа опција. Тоа е опција која е бесплатна со години на Facebook, Instagram, YouTube, Twitch и TikTok.
„Почнувајќи наскоро, само претплатниците на Premium ќе можат да проследуваат содржина во живо на X. За да продолжите да ја користите оваа функција, надградете ја вашата сметка на Premium“, објавија од X и се најдоа на удат на голем број коментари од незадоволни корисници.
Од X не дадоа објаснување за оваа промена. Социјалната мрежа, исто така, во минатото користеше дополнителни функции, како што се уредување објави, пишување подолги текстови и доводи без реклами, за да ги привлече корисниците кон своите претплатни пакети.
Но, досега тие не ги преместија постоечките, бесплатни и широко достапни функции во нивниот претплатен пакет, што може да укаже на тоа дека наскоро ќе има уште такви случаи.
(Bug.hr)
(фото: X)