Eден од најактивните експерти на домашната стартап сцена, човек од акција, неуморен двигател на позитивни промени на домашната претприемничка сцена, едукатор и предавач…. Тоа е Гого Рафајловски за кого нема потреба од преголемо претставување затоа што Гого сите го знаат. Разговараме за тековната 700 Акцелераторска програма и за други интересни стартап теми
Верица Јорданова
Гого, како се реализира тековната 700 Акцелераторска програма?
Пред некој месец успешно ја завршивме и втората „700 Акцелераторска“ програма, на која „дипломираа“ нови 6 стартапи од генерацијата 2024г. Заедно со привите 6, преку овој акцелератор вкупно поддржавме 12 стартапи за овие две години, и морам да кажам дека сме супер задоволни како поминаа и двете генерации.
Основачите имаа интензивни три-месечни тренизни на вкупно 12 теми, со избрани експерти од Македонија, регионот но и пошироко, и добија корисни содржини за тоа како да го подобрат својот стратап. Дополнително, преку менторите кои им беа на располагање, можеа да го валидираат својот продукт и да ги зацврстат претпоставките со кои тргнаа на почетокот на својата бизнис-приказна.
На крајот, и на двата „Демо Дена“ имавме рекорден број на инвеститори: повеќе од 100-тина вкупно – корпорации, бизнис-ангели и VC фондови, кои се обвразаа заедно со нас да коинвестираат над 700.000 евра овие стартапи.
Исклучително сум горд на нашите претприемачи кои доаѓаа од различни индустрии, и кои покажаа дека имаме продукти со кои може да ги освојуваме светските пазари.
Иако EU4EG проектот кој ја поддржа оваа акцелераторска програма завршува кон крајот на оваа година, „700 Акцелераторот“ ќе продолжи во сличен формат и понатаму, и веќе наесен го планираме новиот – трет по ред повик за стартапи.
Како моментално ја оценуваш актуелната состојба на стартап сцената во МК?
Морам да кажам дека во последните години стартап сцената во Македонија не се движи во посакуваната позиција, односно не се движи доволно брзо напред, во однос на нашето опкружување. Во последниот извештај „Global Startup Ecosystem Index 2024“ на „Startup Blink“, Македонија се рангираше на 77 место, што е пад за цели 7 места на стартап индексот, споредено со минатата година. И овој пад доаѓа откако веќе предходно бевме рангирани на 58-мо место во 2021г., со што сега сме на 8-мата позиција на Балканот.
Сакам да ги кажуваме отворено работите, и кога се добри и кога се лоши. Според мене, треба да отвориме посериозен дијалог помеѓу сите учесници во екосистемот: стартапи, акцелератори, инкубатори, инвеститори, јавни/владини институции и да ги видиме причините и последиците на нашето работење. Дополнително, треба да направиме и јасен план кои ни се националните приоритети за во блиска иднина, и да работиме на тоа. Само така можеме да имаме континуиран прогрес во оваа индустрија.
Во последно време има повеќе најави и од банкарски и од други финансиски институции за старт на финансиски пакети за млади претпримачи. Како го оценувате овој тренд и дали од аспект на стартапите ова е позитивен импулс?
Секако дека ова е позитивен импулс и за стартапите и за целиот ескоситем воопшто!
И досега имаше срамежливи обиди од банкарскиот и од финансискиит сектор да бидат поактивно вклучени во активностите на стартап сцената, но досега таа вклученост беше примарно преку пасивна, донаторска или оштествено одговорна улога.
Сега гледаме дека овој вид институции ја гледаат позитивната дополнителна вредност што стартапите и технолошките компании можат да ја донесат на пазарот, и сакаат да понудат решенија и сервиси што примарно ќе им го олеснат патот до успехот на стартапите притоа градејќи еден партнерски однос со нив, во делот и на финансисики и на нефинансиски услуги кои можат да им го олеснат патот до успехот на домашните претпремачи.
Имано, среќен сум што годинава за прв пат и „700 Акцелераторот“ имаше четири горди корпоративни партнери: ProCredit Bank, Axapta Masters, Microtica и Vendor. Ни требаат повеќе проактивни корпорации во ексоситемот и добро е што се повеќе активно се вклучуваат и во други програми, што е за секое охрабрување.
Кои се клучните проблеми/предизвици со кои се соочуваат младите претприемачи деновиве?
Како и секогаш, на врвот на листата е пристапот до капитал. За жал кај нас немаме доволно широк спектар на услуги при пристот до различни „инвестициски рунди“ во различни фази за развој на стартапите. Но дополнително, предизвици се и: продажните вештини, пристапот до пазари, инвестициската подготвеност на стартапите за прибирање на ризичен капитал, интелектуалната сопственост, платежните услуги и процеси, физичката достава надвор од земјата, како и други под-теми со кои основачите на стартапи секојдневно се соочуваат.
За воља на вистината, среќен сум што, како што доаѓаат нова генерација на претпримачи и стартапи кои, се и технички и деловно понапредни, доаѓа и нова генерација на организации – поддржувачи како на пример: Startup Club Skopje (инкубаторска програма), The Founder Games (реалити шоу), Zephyr Angels (мрежа на инвеститори), Business Impact Lab (акцелератор), Phoenix Rising (унија на млади претприемачи), InnoX (иновациски центар), и многу други, кои нудат нови програми, нови услуги, можности и успеваат да понудат решенија на некои од овие предизвици.
Колку и како трендот на иселување од земјава, особено на младите, влијае врз ентузијазмот на претпримничката сцена?
Како и во секоја индустрија, и во претприемништвото се чувстува недостатокот од тој човечки капитал. Но, од друга страна генерално младите го надополнуваат ова со својата креативност и иновативност при градење на бизнис, и кога тоа ќе се спои со технолошката подготвност, мултијазичноста, компјутерската писменост и адаптибилноста на просечниот македонски претприемач, комбинирано со традиционалниот позитивен „инает“, мислам дека имаме добра почетна основа за градење успешно претприемичко општество.
Секако, тоа што го имаме на квалитет, не можеме лесно да го надополниме преку негативните статистички бројки. Иако јас лично сум против тезата дека „треба да ги задржиме младите дома“. Тие се млади, полни со полет и енергија и како општество, ние не можеме да ги задржиме по секоја цена дома, каде што многу работи ни фалат. Напротив, треба да им овозможиме да работат на најнови технологии, да творат и на други пазари, и да го употрребуваат најновото „know how“ во сите можни индустрии.
Проблемот е, како да обезбедиме механизми и бизнис средина каде што истите тие млади би се вратиле по одреден период, за да креираат нови вредности во македонското стопанство. Е тука, треба да се направат сериозни исчекори напред, што е можно побрзо.
Имате ли сознанија како е на регионално ниво во однос на ова што го разговараме?
Слична е ситуацијата и на регионално ниво со останатите соседни земји, од кои некои се веќе и членки на ЕУ, се разбира со посебни особености.
Видете, во третата декада на 21-от век веќе не е важно од каде доаѓаш или каде работиш. Важно е што креираш и какви технологии употребуваш за да си го олесниш личниот или професионалниот живот. Во ера на дигитални номади, работа од дома, и се поголем број на „фриленсери“, илузорно е да ги „заробиме“ младите да работат само во домашната економија!
Мојот пристап би бил – еве ви алатки, знаење и вештини да работите за кого сакате, и каде сакате. Еден ден, вратете се тука со своете искуство, капитал, вештини и контакти за да креираме нови вредности. На тој пат, погрижете се да и вратите на татковината со тоа што на новата генерација на стартапи ќе им помогнете полесно да ситигнат до таму до каде што ќе стигнете вие!
Кои се клучните препораки за новата влада во насока на нови иницијативи, зконски решенија и сл. за развој на стартап сцената?
Накратко: нов закон за бизнис ангели, поедноставено друштво со поменлив капитал, регулација на дигиталните номади, закон за издавање на дигитални средства, и ослеснување на процедурите за влез на алтернативни извори на финансирање.
Стартап заедницата е секогаш отворена за дијалог и партнерски однос со креаторите на политиките и на централно и на локално ниво.