Генерално, во туризмот се потребни професионалци, не епизодисти

- Advertisement -

Пишува: д-р Љупчо Јаневски, поранешен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Сликата која преовладуваше пред пандемијата за најголема посета на туристите концентрирана на два региони во Македонија, скопскиот и југозападниот, каде се остваруваат повеќе од 60% од вкупниот број ноќевања и посети, генерално,  продолжува и во 2024 година. Тоа се нашите најголеми туристички центри, односно главниот град Скопје кој е посетен дванаесет месеци како бизнис и туристички центар и Охридското Езеро, со Охрид и Струга каде се нашите најразвиени летни туристички центри. Има повеќе причини за ова, од кои би одвоил најголем број сместувачки капацитети (хотели и приватно сместување), добра поврзаност со аеродроми и патни правци, пред се главниот град, културното и историското богатство зачинето со УНЕСКО, природата и националните паркови и голем  број други туристички атракции. Но, за да одговорам за турските туристи кои се очигледни како прва дестинација во последните две години, потребно е да се направи подлабока анализа во статистиката споредбено не само со 2023 година со која секако имаме раст, туку и со се уште заздравувањето на македонскиот туристички сектор и резултатите од 2019 година во првите четири месеци според Државниот завод за статистика. 

- Advertisement -
ПЕРИОД i-IV 2019I-IV 2024%
Туристи Вкупно2325302325850,0%
Домашни7846473774-6,4%
Странски1540661588113,0%
Ноќевања Вкупно 473430457776-3,4%
Домашни186159174293-6,8%
Странски287271283483-1,3%
    

Ова треба да биде почетна анализа според која потребно е подлабоко да анализираме, влечејќи правилни потези кои е потребно да се базираат на следното. Турските туристи се кумулативни и нивниот број кружни патувања во Македонија за 2024 година се очекува да биде нешто повеќе од 200.000 илјади, но просечниот престој во дестинацијата не е поголем од 1,7 денови. Со ова се создаваат притисок во дестинациите со слаба просечна потрошувачка, но статистички создаваат искривена слика во секторот. Околу 85% од вкупниот број турски туристи се на кружни балкански патувања од февруари до ноември, а Македонија е вметната поради стимулот на субвенционирањето, модел кој неколку пати досега имаше предлог да се измени и подобри. 

ТУРИСТИ20192024%НОЌЕВАЊА20192024%
 Албанија90086595-36,6% Албанија1458710659-36,9%
 Бугарија168099136-84,0% Бугарија2624612595-108,4%
 Велика Британија254125911,9% Велика Британија50944953-2,8%
 Германија6942794312,6% Германија139251594712,7%
 Грција1741413901-25,3% Грција2478723378-6,0%
 Полска25392410-5,4% Полска69824499-55,2%
 Романија1978244219,0% Романија4599546815,9%
 Србија124281553620,0% Србија225532917622,7%
 Турција183694252356,8% Турција307006700754,2%
 Холандија1985253121,6% Холандија4027465913,6%
 Хрватска54664721-15,8% Хрватска107738606-25,2%

Холандските туристи се сконцентрирани на Охридско – струшкиот дел во период од 5 месеци. Со пакети од 5 и 7 денови на дестинација, сепак не се најбројни, иако остваруваат голем број ноќевања што овозможува мултипликативен ефект и го зголемува девизниот прилив. Со почнување на чартер линиите од Холандија и Велика Британија ќе се зголемат и бројот на туристи и остварени ноќевања. Холандските туристи нема да ги достигнат бројките од 2019 година за разлика од Велика Британија, од каде се очекува раст на турустите за 25-30% поради чартерите, кои почнаа да летаат за Македонија во летниот период од 2022 година. Оваа туристичка сезона ќе биде со голем број предизвици, но покрај квантитетот на туристи од одредени дестинации, ќе отсуствува квалитет и не толку позитивен просечен престој на дестинацијата.

- Advertisement -

Статистиката покажува дека огромен број странски туристи во нашата татковина се сместени во хотели, но да не заборавиме дека не постои регистар на приватни сместувачки капацитети и станови кои се издаваат во Македонија. Online платформите се уште преставуваат сива зона поради неможноста да имаме континуиран увид во истите и нивните плаќања. Доколку немаме релевантни податоци од терен, профилот на туристот кој не посетува, неговата перцепција за дестинацијата, туристичките форми кои ги привлекуваат и не одвојуваат од други дестинации не е возможно да планираме во туризмот или да ги очекуваме максималните резултати. Оваа состојба се рефлектира и на фискалната дисциплина и ниското ниво при платената туристичка такса од сместувачките капацитети на локално ниво, која убедливо е најниска во регионот и Европа од 0,60 евра со што се зголемува сивата зона и притисок кон реалниот туристички сектор. Пресметано и споредено со туристичкиот промет од 2023 година кој измесува 598,5 милиони долари а сивата зона, согласно истражувањата на Светската туристичка организација е 45%, тогаш лесно е да се увиди дека приближно 200 милиони долари се во сивата зона на овој сектор.

Голем број предизвици со кои, од почеток, е потребно да се зафати Министерството за култура и туризам, бидејќи очекувам туризмот во 2028 година да донесе 1 милијарда американски долари туристички промет и повеќе од 4,5 милиони ноќевања во Македонија. За ова да не преставува само желба, потребно е да се земат во предвид големиот број проекти за дигитализација, туристичка инспекција, туристичка полиција, стратешки развојни проекти за туризам, нов циклус за инвестиции, нов модел на субвенционирање и се тоа да се гради на веќе поставени примери. Платформата за дигитализација во туризмот и моделот за субвенционирање на домашни туристи е поминат на владини седници во 2022 и 2023 година, но се уште не се имплементирани најмногу поради отсуство на политичка визија за туризмот. Затоа, падот на домашни туристи е логичен, бидејќи стануваме неатрактивна дестинација споредбено со регионот. Во моментот, нашите агенции речиси и немаат мотив да закупуваат сместувчки капацитети дома или да продаваат викенд аранжмани. Се повеќе се провлекува тезата дека сме  туристичка дестинација за евтини туристи, со што никогаш нема да се сложам!

- Advertisement -

Што значи евтина дестинација? Потребно е услугата да биде на доволно високо ниво и да ги надмине очекувањата на туристот. Во тој случај, не е важна цената. Тука треба да работиме повеќе, бидејќи го губиме приматот како дестинација со намалени летови. За инфраструктурата нема потреба да се зборува – мал број нови атракции. Се повеќе во Охрид и Струга може да се видат дневни екскурзии од Албанија кои ги заменуваат неколкуте ноќевања во Македонија. Нам не ни е потребна кумулативност на гости, бидејќи веќе имаме, туку нови хотели и брендови, конечно просторен план за охридското крајбрежје со кое ќе се стави крај на оваа состојба и ќе може да се создаде долгорочна стратегија за развој на одржлив туризам во Охрид по сите стандарди на УНЕСКО, кои верувам дека сите заедно може да ги исполниме. За ова  да се случи потребна е и политичка волја, менување со усогласување на поголем број закони кои е потребно да се приближат до европските во полето од туризмот. Тие се предлози и заклучоци во владините фиоки кои треба да го видат светлото на денот. Некако се гордееме со туѓото, а не сакаме да го примениме дома, мислејќи дека ќе изгубиме нешто. Не, туку ќе ја зголемиме перцепцијата и цената на нашата дестинација доколку наплатиме Еко такса за секој туристички автобус кој ќе влезе, обезбедиме специјален режим на движење, паркинг каде ќе престојуваат и тоа е веќе видено, нели? Авто кампови и најмодерно кампување во Македонија може да донесе дополнителни 1 милион ноќевања без да оптовари ништо во дестинацијата. Има многу, но да почнеме веднаш, бидејќи другите дестинации се далеку пред нас!

Туристи од традиционалните дестинации

Претежно туристите ќе бидат од традиционалните дестинации кои речиси ќе се вратат на бројките од 2019 година, што е малку во споредба со други дестинации од Отворениот Балкан или регионот. Намалувањето на авионските линии за скопскиот и охридскиот аеродром го намалуваат протокот на патници или можноста нашата земја да биде посетена од поголем број туристи во текот на годината. Инфраструктурата е на ниско ниво и сите треба да се разбудиме и почнеме позитивно да размислуваме, бидејќи никој друг нема да го сработи нашиот дел од работата. Ме загрижува фактот дека изгубивме половина година во ветер без никаква промоција, за проекти да не зборуваме. Ефектите кои се гледаат сега се од предходните години, но за успешна 2025  и отворање нови пазари ќе треба многу повеќе. Девизниот прилив ќе се стабилизира со континуиран раст од 5% поради инфлацијата на годишно ниво, додека бројот на туристи и остварени ноќевања нема да биде поголем од 3-5%, односно без некои големи очекувања и позитивни промени во втората половина на 2024 година. Сега треба што поскоро да се преструктуираме и да почнеме национална туристичка кампања, довршување на туристичкото брендирање на државата и реализирање на стратешкото планирање, предвидено во изминатите години во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, кое со доцнење ќе треба да ги постигне поголемиот број ефекти. Министерството за Култура и Туризам се очекува многу брзо да ја подготви долгоочекуваната стратегија за туризам во која ќе бидат зацртани долгорочните цели во македонскиот туристички сектор за следните десет години.

Генерално, во туризмот се потребни професионалци, не епизодисти како сега. Време е професионализмот и стручноста да надвладее бидејки само така може да го успориме и надминеме слободното паѓање во македонската економија. Затоа патриоптизмот да го покажеме со секојдневни мали победи на секое поле за да ги достигнеме зацртаните цели во македонскиот туристички сектор.  

Македонија Мора Напред!

Сподели!
- Advertisement -