Папата Франциско ги објави своите планови за транзиција на Ватикан на 100% соларна енергија за да ги поддржи напорите за справување со климатските промени.
Во својата официјална прокламација до Римокатоличката црква тој ги изнесе своите упатства до властите во Ватикан за да почнат да работат со италијанските власти за претворање на Ватикан во зелена организација.
Католичката црква најпрвин почна јавно да се осврнува на климатските промени со папата Павле Шести, кој во 1971 година ја изрази својата загриженост дека „експлоатацијата на природата од човештвото има ризик да ја уништи“.
Сепак, најзначајно е тоа што под раководство на Бенедикт XVI пред две децении Ватикан почна да ги шири плановите да стане првата „карбонски неутрална држава“ со изградбата на Ватиканската шума во Унгарија во 2007 година. Сепак, тоа допрва треба да се реализира. Во 2008 година Ватикан постави 2.400 соларни панели на покривите на ватиканската сала Павле VI.
Избран во 2013 година, климатските промени го одбележаа десетгодишниот мандат на папата Франциско како папа и поглавар на Католичката црква. Тој го почна своето најново апостолско писмо со осврнување на Лаудато Си, кој го поттикнува човештвото да се освести за тоа што и го прави на природата.
Ватикан усвои електрични автомобили во партнерство со Фолксваген во 2023 година, а сега папата Франциско им наложи на властите во Ватикан да го извршат следниот чекор: да започнат со изградба на соларна централа во екстратериторијалната зона Санта Марија ди Галерија, која не само што ќе ја снабдува со електрична енергија радиостаницата на Ватикан, туку и целиот Ватикан со население кое се проценува на околу 825 луѓе.
На прв поглед, како држава, емисиите на јаглерод на Ватикан може да изгледаат незначителни, со производство од околу 0,0000443% во 2022 година. Сепак, како поддржувач на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени од 1992 година, Ватикан продолжува да ја демонстрира својата посветеност на каузата со намалување на карбонскиот отпечаток како официјална држава.
„Постои потреба да се направи транзиција кон модел на одржлив развој кој ги намалува емисиите на стакленички гасови во атмосферата, поставувајќи ја целта климатска неутралност. Човештвото има технолошки средства да се справи со оваа еколошка трансформација и нејзините погубни етички, социјални, економски и политички последици, а меѓу нив, сончевата енергија игра клучна улога“ вели папата.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)