Во денешното динамично секојдневие, создавањето средина што поттикнува ефикасно исполнување на домашните работи, едноставна комуникација и модерен стил на живеење е од суштинско значење за секој член на семејството.
А1 Македонија понуди нови опции за купување на дополнителни уреди за сите пост пејд корисници со што добиваат повеќе флексибилност и поголем избор. Со оваа новина корисниците можат да набавт нов уред иако веќе го обновиле својот договор со А1.
Со ова, секој постоечки и нов А1 постпејд корисник во било кое време од времетраењето на претплатничкиот договор има право да одбере дополнителен уред од збогатеното портфолио, истиот да го добие на 24 месечни рати вклучени во А1 сметката без да подигне кредит и без дополнителни камати.
Овој стратегиски потег на А1 Македонија ја потенцира посветеноста на компанијата да ги пресретне различните потреби на своите корисници и да помогне во задоволувањето на потребите за модерен животен стил.