Mакедонија има најбрз раст на иновацискиот индекс меѓу новите земји иноватори во ЕУ

- Advertisement -

Mеѓу новите иноватори, Република Северна Македонија покажа најбрз раст (+11,7 поени) како земја која не е членка на ЕУ во периодот од последните три години (2021-2024 година). Нашата земја бележи пораст од 4% во тековната 2024 година.

Според последниот извештај за European Score Board кој деновиве го објави Европската Комисија, Република Северна Македонија има перформанс од 45,1% во споредба со просекот на ЕУ од 48%.

- Advertisement -

Глобално, иновациските перформанси на Европската унија се зголемија за 10% од 2017 година. Во овој период, повеќето земји-членки на ЕУ ги зголемија своите перформанси во иновациите, иако степенот до кој тие се подобрија силно варира. Помеѓу 2023 и 2024 година, иновациските перформанси на ЕУ се подобрија за 0,5 процентни поени. Поконкретно, перформансите во иновациите се зголемија во 15 земји-членки во овој период. Сепак, 11 земји-членки доживеаја пад во перформансите на иновациите.

Слично како и претходните години, European Innovation Scoreboard 2024 ги категоризира земјите-членки во четири групи за иновации врз основа на нивните резултати: лидери за иновации (перформансот е над 125% од просекот на ЕУ), силни иноватори (помеѓу 100% и 125% од просекот на ЕУ ), Умерени иноватори (помеѓу 70% и 100% од просекот на ЕУ) и новите иноватори (под 70% од просекот на ЕУ).

- Advertisement -

Данска ја задржа првата позиција како најиновативна земја-членка, пред Шведска која беше водечка земја-членка на ЕУ од 2017-2022 година. Во споредба со минатогодишното рангирање, перформансите на земјите-членки останаа релативно стабилни. Само две земји доживеаја промени во нивната група. Естонија стана силен иноватор по стабилен модел на раст од 2017 година, додека Белгија, која беше лидер во иновациите во EIS 2023, стана силен иноватор, иако ја задржа петтата позиција на рангирањето

Сподели!
- Advertisement -