Паралија, познато летувалиште во Грција, избор за одмор и рекреација, со поволни цени и прекрасна песочна плажа.
Името Паралија, (грч. Παραλία), во буквален превод значи плажа, што е главна карактеристика на ова грчко летувалиште кое се наоѓа на 4 км од градот Катерини, во подножјето на планината Олимп. Оваа летна дестинација која е претежно избор за летни семејни патувања се одликува со 3 км долга песочна плажа која го спојува со Олимпик Бич.
Паралија е доста популарна кај семејствата и луѓето кои сакаат навистина летен одмор по пристапни цени во сместување кое што нуди одлични услови за парите, а таков случај е Вила Атина. Главна карактеристика на Паралија е што за разлика од другите летни региони во Грција, мештаните останаа доследни на идејата за сместување на странските туристи (најмногу од Србија, Македонија и Бугарија), по пристапни цени, како на сместувањето, така и на услугите во рестораните, кафулињата и маркетите.
Дополнително, оддалеченоста од Солун (на само 70 км), ја прави Паралија посебно интересна за оние кои сакаат комбинација на пространа песочна плажа и прошетка во туристичка метропола, а посебно чистите плажи и пријатниот амбиент се вистински избор за оваа сезона кога температурите достигнуваат и до повеќе од 40 степени целзиусови.
За оние кои се заинтересирани за одмор кој нуди уживање на песокта и чистото Егејско Море, Паралија нуди долга плажа (околу 3 км), која е со ситен песок и е одлична за сончање, пливање и се карактеризира со пространост, но е одличен избор и за семејства со деца. Водата е плитка, што ја прави одличен избор за децата.
Шеталиштето и локалните продавници се посебно атрактивни поради својата живописност и пристапните цени на текстил и храна, а раздвиженоста во попладневните и вечерните часови го нуди типичниот грчки амбиент на екстра летувалиште.
За оние со поголем авантуристички дух, тика се и еднодневните екскурзии до Метеори или до живописните острови Скијатос и Скопелос. Незаборавните глетки се вистинска атракција која ќе го збогати одморот во Пaралија и ќе им даде дополнителен шмек на одморот и забавата.
За оние кои се вљубеници во природата, прошетките во прегратките на Планината Олимп се посебно возбудливи и исполнителни и пленат со живописни погледи кои никого не оставаат рамнодушен.
Ако сеуште не сте резервирале одмор, сега е вистинско време да одберете сместување во Паралија, а наш предлог е Вила Атина во срцето на Паралија, блиску до прекрасната 3 километарска плажа, а од туристичката агенција ЈК Травел ќе Ви обезбедат и дополнителен попуст за нивниот 18 ти роденден и ќе ви помогнат во целокупната организација на Вашето уживање во Паралија.