Истражувачи од универзитет во Јапонија објавија дека развиваат систем способен да ја обнови циркулацијата на крвта во повреденото срце во рок од три минути. Според тимот од Универзитетот Тохоку во Јапонија, инспирацијата за создавање на системот дошла од фаталното пукање во јули 2022 година на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе.
Истражувачите велат дека системот е дизајниран да помага во итни ситуации како терористички напади и други јавни итни случаи. Системот го создаде Јасујуки Шираиши, вонреден професор на Универзитетот за развој, стареење и рак, и членовите на неговиот тим.
„Ако можеме да го ставиме крварењето под контрола и да извршиме итна торакотомија (операција за да добиеме пристап до плевралниот простор на градниот кош), постои шанса да го спасиме животот на пациентот“, се вели во соопштението на истражувачкиот тим.
Системот се состои од прецизна поделба на задачите за обезбедување на дишните патишта на пациентот, изведување итна торакотомија, контрола на крварењето и администрирање на трансфузија, сето тоа во рок од три минути за брзо да се рестартира циркулацијата на крвта.
Процесот вклучува пункција на левата комора за прикачување на вештачка пумпа додека се изведува итна реанимација и интубација. Пумпата потоа се поврзува со феморалната артерија за да се воспостави проток на крв и да се врати циркулаторната функција на срцето.
Во ситуации каде што поврзувањето преку феморалната артерија е предизвик поради локацијата на повредата, системот повикува да се обезбеди алтернативен пат. Згора на тоа, системот овозможува и додавање на вештачко белодробно крило за оние случаи каде што има повреда на белите дробови.
„Прозорецот за спречување на мозочна смрт по прекинот на циркулацијата на крвта е само три минути. Системот кој може да продолжи со оптек во оваа временска рамка е од клучно значење. Во итни случаи побрзите методи од овие што ги имаме моментално остануваат непрактични“, изјави истражувачкиот тим.
Тимот сега планира да го демонстрира овој систем.
„Доколку се имплементира, овој систем може значително да го зголеми бројот на спасени пациенти“, велат научниците.
(Interesting Engineering)
(фото: Pickpik)