НАСА го заврши проектот за симулaција на живот на Марс

- Advertisement -

Првата од неколкуте мисии на НАСА насочени кон симулирање на живот на Марс заврши во саботата во Хјустон, Тексас, откако четворица волонтери го напуштија живеалиштето на НАСА на Марс по повеќе од една година. Тие четворица поминале 378 дена во Mars Dune Alpha, изолирана структура од 160 квадратни метри во вселенскиот центар Џонсон во Хјустон, која ги имитира условите на Црвената планета.

Оваа мисија беше првата во серијалот Crew Health and Performance Exploration Analog (CHAPEA), чија цел е да и помогне на НАСА да се подготви за уште еден лет до Месечината, а еден ден во иднина дури и до Марс.

- Advertisement -

Од НАСА рекоа дека проектот дава можност да се научи се што е важно за овие сложени системи и ќе го направи одењето на Марс и назад многу побезбедно. Наредни мисии во рамките на CHAPEA се планирани за 2025 и 2027 година.

Mars Dune Alpha е создаден со помош на 3D печатач. Повеќе од една година четворицата волонтери на CHAPEA не смееле да го напуштат објектот без прозорци за време на нивниот престој. За време на нивниот престој на волонтерите им било дозволено да останат во контакт со нивните семејства и пријатели, но комуникацијата била поставена на „време на Марс“, што значи дека на обична порака и требале 22 минути за да стигне до Земјата.

- Advertisement -

Волонтерите се задоволни со симулацијата била успешна и што придонеле за подобро разбирање на условите на далечната планета и се надеваат дека тоа ќе помогне еден ден ов иднина човештвото да стигне до Марс.

Целта на програмата Artemis на НАСА, именувана по грчката божица на Месечината, е да испрати луѓе на Месечината повторно во 2030-тите години, вклучувајќи ја првата личност со темна кожа и првата жена. Долгорочната цел на Artemis е да воспостави постојана лунарна база како основа за мисиите на Марс.

- Advertisement -

За првата од своите мисии CHAPEA, кои симулираат престој на Марс, НАСА не избра обучени астронаути. Право да аплицираат имаа сите здрави и мотивирани граѓани на САД или постојани жители на возраст меѓу 30 и 55 години со диплома по инженерство или наука и две години поврзано работно искуство или најмалку 1.000 часа лет.

Живеалиштето каде што поминаа една година вклучува приватни простории за спиење со големина од околу шест квадратни метри, заедничка дневна соба опремена со ТВ и фотелји, работни станици и медицинска станица.

Според НАСА, екипажот извршил повеќе симулации на прошетки на Марс, одгледувал и собрал неколку култури на зелена салата за периодично да ја надополнува храната на полиците и учествувал во одржувањето на живеалиштата и опремата.

(Al Jazeera Balkans)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -