Се намалува цената на парното!

- Advertisement -

За корисниците на ЕСМ цената се намалува за 3,16 отсто, а оние кои се снабдуваат со топлинска енергија од топланата Скопје Север се намалува за 1,71 отсто, а најмало намалување на цените има за корисниците на ЕСМ Енергетика кое изнесува 0,5 отсто

Од први август, скопјани ќе добијат намалени сметки за парно греење. Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја соопшти претседателот Марко Бислимовски. Тој вели дека намалувањето на цените за домаќинствата е пресметано без владината субвенција од 12 милиони евра, а доколку субвенционирањето на сметките продолжи, тогаш намалувањето на цената би била во износ од 17,35 отсто.

„Во моментов влегуваме во стабилизација кога се во прашање цените на енергенси генерално, природниот гас се враќа во очекувана нормала и дека нема потреба од субвенции. Субвенциите несомнено помогнаа да се амортизираат ефектите од енергетската криза, претходно и од пандемијата. Ова е одличен период за енергетските компании финансиски да се стабилизираат и консолидираат и да стартуваат со реализација на инвестициски проекти, како и зафати за рехабилитација на инфраструктурата“,рече Бислимовски.

- Advertisement -

Покрај намалувањето на цените за домаќинствата, значително намалување на цените ќе има и кај деловните корисници – училиштата, фирмите и комерцијални објекти каде оние кои се поврзани на системот на ЕСМ ќе добијат намалување на цените за 17,3 отсто, кај Скопје Север за 17,22 отсто, а кај оние недомаќинства кои топлинска енергија добиваат од ЕСМ Енергетика поевтинува за 40 отсто.

Бислимовски вели дека одлуката е донесена врз основ на тоа што има период на стабилизација на цените на природниот гас и кажа дека по успешното менаџирање на енергетската криза кога успеале да одржат стабилна цена на топлинската енергија, сега следува период на намалување на цените.

- Advertisement -

„Ова е второ намалување на цената за недомаќинствата и апелирам сите овие иснтитуциии да не се исклучуваат од организираниот систем за топлинска енергија кој фунцкионира. Апелирам да се прифатат измените за Законот за градба“,кажа претседателот на РКЕ.

И покрај тоа што одлуката за намалување на цената е позитивна вест за потрошувачите, Бислимовски вели дека состојбата на терен е загрижувачка и побара од надлежните побрза санација и поставување на цевководот на мостот „Беласица“ кој не е во функција веќе една година, оти иако изминатите зими биле исклучително поволни без голем број на денови со минусни температури, следната грејна сезона треба да ја дочекаме спремни за да нема проблем во квалитетот на топлинската енергија или пак зголемени трошоци на целиот систем.

- Advertisement -

Фото – Pxfuel

Сподели!
- Advertisement -