„Опен АИ“ го најави својот пребарувач „SearchGPT“

- Advertisement -

Страницата на пребарувачот започнува со големо поле за текст што го прашува корисникот „Што бараш?“ (What are you looking for?), но, наместо да одговара со обична листа на интернет линкови, се обидува истите да ги организира и разбере.

Компанијата „Опен АИ“ го најави својот долгоочекуван влез на пазарот за пребарување, преку пребарувачот наречен „SearchGPT“, напојуван со вештачка интелигенција, со пристап до информации преку интернет во реално време.

- Advertisement -

Страницата на пребарувачот започнува со големо поле за текст што го прашува корисникот „Што бараш?“ (What are you looking for?), но, наместо да одговара со обична листа на интернет линкови, се обидува истите да ги организира и разбере, пишува „The Verge“.

Во еден пример презентиран од „Опен АИ“, пребарувачот ги сумира своите наоди за музички фестивали, а потоа презентира кратки описи на настаните проследени со линк до изворите.

- Advertisement -

Откако ќе се појават резултатите, корисниците може да поставуваат дополнителни прашања или да кликнат на страничната лента за да отворат други релевантни линкови.

„SearchGPT“ засега е само прототип. Услугата е достапна само за 10.000 корисници кои ја тестираат, а целта е на крајот функцијата да се интегрира директно во популарниот четбот „ChatGPT“.

- Advertisement -

Оваа најава е почеток на она што би можело да стане значајна закана за „Гугл“, кој побрза да ги подготви функциите за вештачка интелигенција низ својот пребарувач, плашејќи се дека корисниците ќе се пренасочат кон конкурентните производи, коментира „The Verge“.

(Meta.mk)

Сподели!
- Advertisement -