Внесувањето на доволно протеини го намалува апетитот

- Advertisement -

Здравјето и фитнесот денес стануваат сѐ поважни,  а протеините играат клучна улога во процесот на слабеење и одржување на мускулната маса. Протеините се основни градбени блокови на нашето тело и се потребни за регенерација на ткивата, производство на ензими и хормони и поддршка на имунолошкиот систем. Истражувањата покажуваат дека внесувањето на доволно протеини може да помогне во намалувањето на апетитот, забрзување на метаболизмот и зачувување на мускулната маса за време на процесот на слабеење.

Еден од најновите трендови на пазарот се високопротеинските гранола производи, кои нудат идеална комбинација на вкус и богат нутритивен состав. Слично како и традиционалната гранола, протеинската гранола содржи големо количество растителни влакна кои делуваат кон побрзо варење на храната и правилна работа на организмот. Но, таа е дополнета и со растителен протеин кој не само што ќе ви даде нова доза на енергија, туку и ќе направи да се чувствувате сити подолго време.

- Advertisement -

Достапни во вкусови како кокос и бадем или темно чоколадо и црвено овошје, овие производи обезбедуваат 14 грама протеин по порција, што ги прави совршени за појадок или како закуска. Освен што се без додаден шеќер, тие се богати и со влакна, што помага во контролирање на гладта и обезбедување на енергија.

Комбинирањето на протеини со редовна физичка активност може значително да го подобри процесот на губење на тежина и да помогне во одржувањето на здрав метаболизам.

- Advertisement -

Протеините се важни за различни групи на луѓе, особено за оние кои се физички активни, спортисти, и бодибилдери, бидејќи им помагаат во изградбата и обновата на мускулите. Исто така, лицата кои се на програми за слабеење или диети со намален внес на калории имаат потреба од зголемен внес на протеини за да спречат губење на мускулната маса и да го одржат метаболизмот активен. Воедно, адекватен внес на протеин се препорачува и на лицата над 50 години како превенција за саркопенија (губење на мускулна маса поврзана со стареењето), како и за зачувување на општото здравје и функционалност на организмот.

Сподели!
- Advertisement -