Вештачка интелигенција ќе ги штити луѓето на плажите од ајкули

- Advertisement -


Во некои делови на Индија и Австралија вештачка интелигенција, камери и дронови предупредуваат кога диви животни се приближуваат до полиња со добиток. Слично сценарио може да очекуваме и во иднина со откривање на ајкули, каде што технологијата ќе го има главниот збор.

Најдобар пример за ова е плажата Падаро во Калифорнија. Последниве години, освен за децата и постарите, стана омилено место за собирање на млади бели ајкули. Иако не се пријавени напади или други инциденти, иницијативата SharkEye е покрената како мерка на претпазливост.

- Advertisement -

Оваа инциијатива вклучува беспилотни летала кои летаат над плажата и снимаат под морето, додека снимките од надзорните камери се гледаат на повеќе екрани од луѓе на копно. Ако некој забележи ајкула, пораката автоматски се испраќа до повеќе од 80 луѓе кои се пријавиле за овие предупредувања – од локални спасувачи и сопственици на продавници за сурфање до родители на деца кои посетуваат плажа.

Проектот досега се покажа како исклучително успешен, а еден пример најдобро покажува колку е потребен подморскиот мониторинг кога во текот на 24 часа беа забележани дури 15 ајкули. Но, како што истакнува CNN, повикувајќи се на претходни студии, човечкото око по снимките од дрон може да препознае само околу 60% од ајкулите во просек, што значи дека многу ајкули се приближуваат до брегот без да бидат забележани.

- Advertisement -

Прашањето е како може да се зголеми тој процент на забележани ајкули, а одговорот може да е вештачката интелигенција. Некои претходни тестови веќе покажаа дека вештачката интелигенција веќе може да ги препознае повеќето од ајкулите што ги гледаат луѓето, а во некои случаи технологијата се покажа како поефикасна. Се разбира, како што вештачката интелигенција се повеќе се обучува со видеа, нејзината ефикасност ќе биде се поголема и повисока.

Оваа година, како дел од проектот SharkEye, ќе се споредува ефективноста на луѓето наспрема технологијата во идентификувањето на ајкулите. Прво, снимката ќе ја анализираат луѓето, а после нив истата снимка ќе ја анализира технологијата и ќе биде многу интересно да се види кој ќе биде поуспешен во идентификувањето.

- Advertisement -

Додека денес SharkEye се потпира исклучиво на луѓето за да ги анализира снимките, во иднина луѓето можеби нема да бидат воопшто потребни, а набљудувањето и предупредувањето за потенцијалните опасности целосно ќе бидат во рацете на вештачката интелигенција.

Инаку, планот на SharkEye е да го направи својот модел достапен за бесплатно користење на научниците и на крајот да создаде апликација базирана на вештачка интелигенција преку која, на пример, спасувачите на плажи и сопствениците на дронови ќе можат да ги прикачат своите подводни снимки, а технологијата ќе бара знаци од опасност за нив.

(CNN)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -