Кинеска мисија откри минерал богат со вода на Месечината

- Advertisement -

Вода постои на Месечината, а научниците сега потврдија каде би можело да се крие голема количина од неа. Откриено е дека минералот во лунарната почва кој беше собран со мисијата Chang-5 и пренесен на Земјата содржи големо количество вода, дури 41% од неговата тежина.

Сличен е на минералот новограбеновит, кој неодамна беше откриен во базалтните карпи на полуостровот Камчатка. И двете форми, онаа од Месечината и онаа од Земјата, имаат хемиска формула (NH4)MgCl3·6H2O и имаат слична кристална структура.

- Advertisement -

Имајќи на ум дека неограбеновитот може да се проучува на Земјата, откривањето на речиси идентичен минерал на Месечината може да доведе до нови сознанија за тоа каде се крие лунарната вода и како се формирала таму.

Потеклото, присуството и дистрибуцијата на водата на Месечината засега останува мистерија. Научниците многу би сакале да одговорат на тоа, бидејќи разбирањето на потеклото на влагата на Месечината е важна компонента на историјата на Земјата и Месечината.

- Advertisement -

Покрај тоа, да се знае каде се наоѓа водата е исто така важно за идните мисии за истражување на Месечината.

Вода беше откриена во постари примероци од Месечината и претходно. Меѓутоа, кога Chang-5 слета на Месечината во 2020 година, направи големо откритие – вода во карпата. Не беше веднаш јасно дали е откриена молекула на вода или молекула на хидроксил, која има по еден атом на водород и по еден атом на кислород.
Потребни беа дополнителни анализи, кои мораа да почекаат додека примерокот не се врати на Земјата.

- Advertisement -

Сега научниците од Кинеската академија на науки направија тестови и благодарение на дифракцијата на кристалите со рендген и хемиската анализа на изотоп, беше утврдено дека реголитот навистина содржи молекули на вода.

(N1)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -