На крајот на јули, Европската комисија усвои дополнување на претходната регулатива за безбедносни мерки во воздушниот транспорт што се однесува на проверка на течности, спрејови и гелови што може да се внесат во патничките кабини.
Тоа значи дека во патничките кабини сепак ќе бидат дозволени максимум 100 милилитри течност, спреј или гел во едно пакување. Вкупно може да се донесе најмногу еден литар.
Неколку аеродроми во Европската унија ги укинаа ограничувањата за шишиња и цевки со течности, спрејови и гелови со максимален капацитет од 100 милилитри откако инсталираа нови системи за откривање експлозиви во багаж (EDSCB).
Изменетата регулатива за имплементација стапува на сила на 1 септември, што значи дека оттогаш па натаму ќе се применуваат претходните ограничувања на сите аеродроми во ЕУ, вклучително и оние кои имаат инсталирано EDSCB системи. За оние аеродроми кои ги немаат овие системи, се останува како порано.
Фото – Flickr