Нов пејсмејкер се инјектира и го коригира неправилниот срцев ритам

- Advertisement -


Истражувачи создадоа срцев стимулатор за инјектирање, кој сам ќе се состави и ќе ја коригира срцевата аритмија во итни ситуации со помош на надворешен извор на енергија. Се инјектира раствор од наночестички околу срцето за да ја поправи аритмијата, која може да предизвика вашето срце да чука во неправилен ритам.

Истражувачите од шведскиот универзитет Лунд спроведоа тестирање на стимулаторпт на животни. По третманот, електродата исчезнува од телото, со што се елиминира потребата за хируршка екстракција.

- Advertisement -

Инјектираната електрода ги олеснува мерењата на електрокардиограмот, го регулира срцевиот ритам in vivo и ја коригира аритмијата. Функционира пет последователни дена и не е забележана токсичност за организмот, органите или клетките, се вели во студијата објавена во списанието Nature.

„Ние развивме срцев стимулатор за инјектирање во итни ситуации, кој се состои од шприц наполнет со раствор од наночестички“, рече Роџер Олсон, професор по хемиска биологија и терапевтика на Универзитетот Лунд и професор по медицинска хемија на Универзитетот во Гетеборг.

- Advertisement -

Наночестичките, кои се исклучително мали честички, може да се инјектираат со игла потенка од човечко влакно. Кога растворот ќе дојде во контакт со ткивото, околу срцето се формира структура која се состои од долг синџир на молекули – таканаречен полимер – кој спроведува електрицитет. Инјектираната електрода се интегрира со клетките на телото и го олеснува мерењето на ЕКГ, може да го регулира отчукувањата на срцето и да ја коригира аритмијата, според истражувачите од Универзитетот ЛУНД.

„Ако поврзете мобилен телефон на местото на инјектирање во близина на срцето, можете привремено да го стимулирате срцевиот ритам до пет дена“, вели Умут Ајдемир, докторант и прв автор на студијата.

- Advertisement -

Според истражувачите, стимулаторот лесно може да добие струја од мобилните телефони со помош на кабел.

Аритмијата, која може да се лекува со лекови, се јавува кога има пореметувања во електричните сигнали на срцето, што предизвикува пребрзо, бавно или неправилно чукање. Истражувачите тврдат дека исто така е можно да се промени срцевиот ритам со помош на електрични сигнали, на пример, со дефибрилатор или хируршки вграден пејсмејкер.

Сепак, овие типови интервенции може да бидат тешки за изведување во воени зони, за време на планинарења или во други средини каде што дефибрилаторот не е достапен или операцијата не е изводлива.

Тестиран на мали животни, зебра риби и ембриони на пилешко, стимулаторот покажува голем потенцијал и следниот чекор е студии на поголеми животни, како што се свињите.

(Interesting Engineering)

(фото: Panoramams)

Сподели!
- Advertisement -