Расте бројот на работници во индустријата

- Advertisement -

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава, во однос на јули лани е зголемен за 1,2 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст од 5,3 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1,0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,2 %.

- Advertisement -

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,7 %, Капитални производи за 15,0 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 18,9 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,9 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријатаВо периодот јануари – јули 2024 година, во однос на периодот јануари – 2023, бројот на работниците во индустријата е поголем за 1,7 %.

- Advertisement -

Фото – px4free

Сподели!
- Advertisement -