Стартува изградбата на фабрика за литиум-јонски батерии. Германска инвестиција од 65 милиони евра

- Advertisement -


Во скопската слободна економска зона Бунарџик денеска беа урдени темелите на фабрика за производство на литиум-јонски батерии. …нова германска инвестиција, вредна 65 милиони евра.

Во новиот погон на германската „БМЗ“, инвестиција од над 65 милиони евра, е предвидено да се вработат над 700 луѓе. „БМЗ Македонија“ веќе има постоечки капацитет во поранешен „Раде Кончар“ каде што работат 110 луѓ, а извезуваат главно во Полска и во Германија.

- Advertisement -

Сега во моментот најмногу работиме со Германија, извезуваме во Германија и во Полска. Целта на постоењето на фабриката во Македонија е за да може да бидеме блиску до европскиот пазар. Вистина е дека ние не сме ЕУ, меѓутоа сме во Европа. Од мај, кога очекуваме фабриката да се пушти во погон, очекуваме дека ќе се рашири и надвор од европскиот пазар“, изјави Јелица Ивановска, генерален директор на „БМЗ Македонија на денешното поставување на камен-темелникк на кој што присуствуваше премиерот Христијан Мицковски.

Сподели!
- Advertisement -