Пристигнуваат паметни гуми: Pirelli и Bosch заедно ќе ја развиваат технологијата

- Advertisement -

Доаѓаат паметни гуми: Pirelli и Bosch најавија соработка за развој на оваа технологија
Возилата наскоро ќе можат да имаат, покрај паметни системи за возење и инфозабава, и паметни гуми, благодарение на соработката на италијански OiirelluПирели и германски Bosch.

- Advertisement -

СподелетеИталијанскиот производител на гуми Pirelli и германската технолошка групација Robert Bosch најавија соработка за развој на „паметна“ технологија за гуми која треба да биде интегрирана во системот за контрола на возилата.

Новиот софтверски систем треба да ја подобри безбедноста, удобноста, одржливоста и динамиката на возење со комбинирање на сензорите интегрирани во гумите на Pirelli и хардверската и софтверската експертиза на Bosch.

- Advertisement -

Комбинацијата ќе овозможи собирање, обработка и пренос на податоци за гумите во реално време за да се обезбедат параметри за електронскиот контролен систем на возилото, се вели во соопштението.

Во првиот заеднички проект Bosch веќе разви апликација за Pirelli за контрола на стабилноста на гумите поставени на суперавтомобилите Pagani, се додава.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Bosch, Pirelli)

Сподели!
- Advertisement -