Речиси милион Британци не работат бидејќи се категоризирани како премногу болни

- Advertisement -


Речиси милион луѓе во Обединетото Кралство погрешно се категоризираат како премногу болни за да работат, иако се подготвени и способни да се вработат, според студијата на Центарот за социјална правда (CSJ).

Студијата покажа дека невработеноста во Британија е речиси двојно поголема во споредба со официјалните податоци поради зголемувањето на таканаречената скриена невработеност, пренесува британски Telegraph.

- Advertisement -

CSJ откри дека најмалку 800.000 луѓе кои се без работа, но сакаат да се вработат, добиваат долгорочни бенефиции за болест. Аналитичарите наведуваат дека оваа бројка може да достигне милион луѓе поради растот на стапката на невработеност, која се зголеми на 4,1% од најниските 3,6% пред две години.

Скриената невработеност се однесува на луѓето кои сакаат да работат и се способни за работа, но не бараат активно работа и затоа не се вбројуваат во официјалната стапка на невработеност.

- Advertisement -

Од ЅСЈ предупредуваат дека реалната невработеност веројатно е близу 2,5 милиони, не помалку од 1,5 милиони луѓе на работоспособна возраст.

До јули во Британија имало 1,4 милиони невработени, според Канцеларијата за национална статистика (ONS). Во оваа бројка се вклучени сите оние кои се невработени и активно бараат работа.

- Advertisement -

Во исто време, 9,3 милиони луѓе на работоспособна возраст се класифицирани како економски неактивни – не работат, но не бараат ниту активно работа. Оваа група вклучува предвремени пензионери, родители кои остануваат дома, студенти и долгорочни болни, а многумина имаат бенефиции дури и ако не бараат работа.

(021)

(фото: PickPik)

Сподели!
- Advertisement -