Иновации во Акција – Импакт Бизнисите од Северна Македонија и Малта на иста сцена

- Advertisement -

Вчера, на 25-ти септември 2024 година, во просториите на Europe House, Скопје, со голем успех се одржа Демо денот на првата Акцелераторска програма за импакт бизниси помеѓу Северна Македонија и Малта. Домаќини на настанот беа Бизнис Импакт Лаб од Скопје, во соработка со Асценд Консалтинг од Малта, кои заеднички ја имплементираа програмата за тимовите.

Овој настан е дел од Еразмус+ проектот GreenSkills, кој има за цел да го поттикне развојот на одржливи бизниси и да ги поддржи младите претприемачи во областа на социјалното претприемништво. Финалистите на програмата ги презентираа своите иновативни концепти, додека меѓународни експерти обезбедија стручна евалуација и отворија нови можности за соработка и развој.

- Advertisement -

Дополнително, трите најдобри бизниси беа наградени со специјален пакет за поддршка кој вклучува подобрување на нивниот бренд идентитет и комуникација на брендот, со цел да го зајакнат својот пазарен настап и видливост.

Демо денот претставуваше одлична можност за вмрежување и инспирација, со фокус на поддршка на идните лидери во импакт бизнисите, кои придонесуваат за позитивни општествени промени.

Сподели!
- Advertisement -