Конференцијата “Унапредување на родовата еднаквост во глобалното лидерство” успешно се одржа во Скопје

- Advertisement -

Women on Boards Adria (Жени во органи на управување Јадран) и М6 Едукативен центар, организираа конференција “Унапредување на родовата еднаквост во глобалното лидерство”. Овој настан е втор од серијата настани насочени кон промовирање на родовата еднаквост во лидерството, со растечки број на компании кои се приклучуваат на Women on Boards Adria (WOBA) иницијативата.

Настанот следува по првата конференција одржана во март годинава, која официјално ја лансираше WOBA иницијативата во Северна Македонија. М6 Едукативен центар е официјален тренинг партнер на WOBA и работи на развој на повеќе различни обуки за професионален развој на жените лидери.

- Advertisement -

Конференцијата на WOBA на едно место собра лидери од различни индустрии во Северна Македонија, демонстрирајќи го зголемениот интерес и посветеност за унапредување на родовата еднаквост во лидерските улоги во сите сектори. Инспиративниот разговор помеѓу Роберт Бејкер (Robert Baker), истакнат глобален експерт за родова еднаквост и поддршка од страна на мажите за унапредување на кариерата на жените, и Тања Михајловска Димитриевска, главната амбасадорка за WOBA за Северна Македонија, беше одличен почеток и вовед во оваа проблематика.

Бејкер, кој е еден од најпознатите говорници за различност и инклузија во Европа и тренер за развој на кариера со повеќе од 40 години искуство во корпоратиовниот консалтинг, ја адресираше улогата на мажите во поддршката на родовата еднаквост, нагласувајќи зошто е клучно тие да учествуваат во создавањето на родово балансирано и инклузивно работно место. Тој сподели зошто родовата еднаквост мора да биде приоритет на сите нивоа во општеството и како организациите можат да профитираат од поттикнувањето на родово-разнолико лидерство.

- Advertisement -

„По успехот на нашиот прв настан во март 2024 година, каде што беше лансирана WOBA иницијативата за Македонија, интересот за приклучување кон ова заедничко патување постојано расте. Различноста и инклузијата играат клучна улога во обликувањето на иднината на корпоративниот свет, и горди сме што преку мрежата, активностите и партнерствата на WOBA активно ја промовираме родовата еднаквост во корпоративното управување. Заедно ги уриваме препреките што ги спречуваат жените да влезат и да напредуваат во лидерските позиции,“ рече Михајловска Димитриевска. Таа истакна дека за многу краток период, бројот на компании и членови од Северна Македонија, кои се приклучија кон мрежата на WOBA и нејзината мисија за зголемување на застапеноста на жените во управните одбори и лидерските улоги, веќе достигна 50.“

Конференцијата стави особен акцент на родово балансираното лидерство во создавањето на одржливи промени и поттикнувањето на инклузивно донесување одлуки. Клучните дискусии се фокусираа на тоа како родово избалансираното лидерство придонесува за економски раст, општествена благосостојба и успех на организациите.

- Advertisement -

Во панелот под наслов “Стратегии за поддршка на родово избалансирано лидерство”, доц. д-р Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања на Северна Македонија, Мaja Кадиевска Војновиќ, поранешна вице-гувернерка на Народната банка на Северна Македонија и советник на одборот на Стопанска банка АД Битола, Катерина Бошевска, извршна директорка на EOS Matrix Северна Македонија и EOS Косово, и Беркан Имери, извршен директор и член на управниот одбор на Халк банка АД Скопје, разговараа за актуелната состојба во поглед на  родовата еднаквост во јавниот и бизнис сектор во Северна Македонија. Панелистите дискутираа за лидерските позиции во финансискиот сектор и улогата на владините политики во поддршката на родовата еднаквост низ индустриите.

Настанот ја потврди мисијата на WOBA да поттикне родово избалансирано лидерство и да создаде одржливи промени во индустриите и јавниот сектор во Северна Македонија, притоа истакнувајќи ја потребата од континуирана соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор за изградба на инклузивни лидерски канали, со пошироката заедница која игра витална улога во поддршката и промоцијата на родовата еднаквост.

Сподели!
- Advertisement -