Едукацијата, забавата, креативноста и корисните навики за штедење се во фокусот на активностите, кои Халкбанк АД Скопје ќе ги посвети на децата во текот на октомври – месецот на штедење. Во центарот на овие активности е едукативната друштвена игра „Мистериите на планетата Ѕвездалија“, која e креирана и произведена во Македонија.
Оваа игра на децата ќе им овозможи преку интеракција и креативно решавање задачи да развијат важни животни вештини како што се штедењето и одговорното управување со ресурси, но и да се забавуваат со своите врсници и семејството. Играта ќе се доделува како подарок во филијалите на Халкбанк, за секоја новоотворена детска штедна книшка во периодот од 1 до 31 октомври.
„Октомври традиционално е месецот кој го посветуваме на создавање позитивни финансиски навики кај најмладите. Со играта „Мистериите на планетата Ѕвездалија“ сакаме да го направиме штедењето забавно и едукативно искуство за децата. Важно е тие уште од најрана возраст да разберат што значи да се штеди и како правилно да управуваат со своите средства. Халкбанк е секогаш тука да го поддржи развојот на најмладите членови на нашето општество, нудејќи едукација и поддршка преку креативни и иновативни решенија“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк АД Скопје.
Промоцијата на играта ќе се одржи во повеќе градови низ Македонија, вклучувајќи заедничко играње во основни училишта во Гевгелија, Прилеп и Штип, како и настан во главниот град Скопје, на 31 октомври.
Во текот на месецот на штедење, Халкбанк ќе организира различни активности за децата и нивните родители, со цел да ги поттикне најмладите да ја развијат навиката за штедење и управување со нивните финансии од најрана возраст.
Слончето Халки и Халкбанк се долгогодишни партнери на децата и младите, постојано реализирајќи општествено одговорни иницијативи кои се фокусираат на нивната едукација и развој на креативниот потенцијал. Во рамки на овие активности, досега се одржани над 100 работилници низ Македонија, со учество на илјадници деца кои добија можност да учат и да ги развиваат своите вештини преку интерактивни и забавни содржини.