Во Бразил се гради кула која „поврзува два света“

- Advertisement -


Највисокиот станбен облакодер во светот ќе се гради во Бразил, во градот Балнеарио Камборио, во сојузната држава Санта Катарина. Проектот наречен Senna Tower ќе биде изграден во чест на легендарниот бразилски возач Аиртон Сена.

Градот Балнеарио Камборио се наоѓа во близина на Порто Алегре, на југот на Бразил, а со изградбата на Senna Tower треба да влезе во историјата бидејќи новоизградената кула ќе биде висока 509 метри. Инаку, овој град, кој се наоѓа веднаш на брегот, во светот е познат по високите згради и архитектурата кои го променија глобалниот пејзаж.

- Advertisement -

Веста ја соопштија членовите на семејството на возачите во Формула 1 и градежната компанија FG Empreendimentos. Изградбата на кулата се очекува да започне на крајот на 2025 година.

Агенцијата наведува дека Senna Tower ја дизајнирал неговиот братучед и уметник Лалали Сена. Дизајнот му оддава почит на „херојското патување“ на неговиот вујко, при што кулата претставува симболичен пресек меѓу материјалниот и небесниот свет.

- Advertisement -

Оваа метафора е видлива преку тенката, стаклена форма на зградата и фасадата со ленти светла кои ќе се протегаат до круната на кулата, проектирајќи нагоре и придонесувајќи за нејзиниот иконски изглед.

Кулата ќе го има најновиот технолошки систем за намалување на вибрациите предизвикани од силните ветрови, како и највисоките стандарди за одржлива архитектура и енергетска ефикасност.

- Advertisement -

Според проектот, кулата треба да биде висока помеѓу 500 и 509 метри, па нејзината висина ќе ја надмине највисоката станбена кула во Њујорк во Централ Парк (Central Park Tower), која е висока 472 метри.

Приземјето, како и долните катови на зградата се наменети за забава и ресторани. Зградата ќе има и простор посветен на Аиртон Сена. На горниот кат ќе има палуба за набљудување.

Познатиот Формула 1 возач Аиртон Сена загина на 1 мај 1994 година на трката за Големата награда на Сан Марино на 34-годишна возраст. На патеката во Имола, со болидот на Вилијамс со брзина од нешто повеќе од 200 километри на час, тој удри во ѕидот кај кривината Тамбурело.

(Bizlife)

(фото: Senna Tower)

Сподели!
- Advertisement -