Првиот ден од Моден Викенд Скопје 2024 започна со силна порака – модата не е тренд, туку моќна алатка за промена. Во срцето на Скопје, Културниот Центар Лабораториум се претвори во креативна сцена каде локалната традиција и глобалните иновации се сретнаа за да го отворат патот кон иднината на модата. Оваа 29-та сезона не беше само прослава на модната естетика, туку и на одржливоста како клучна компонента за трансформација на индустријата. Секоја изложба и секој дизајн беа дел од внимателно куриран дијалог за тоа како модата може да биде еколошки свесна и културно релевантна.
Моден Викенд Скопје блесна во модна еуфорија, додека ја отвори својата 29-та сезона со незаборавен прв ден, полн со иновации, уметност и креативни изрази. Под светлата на Културниот Центар Лабораториум, настанот започна во духот на одржливоста и културната револуција што го дефинира овој уникатен моден спектакл.
Најпрво, публиката имаше привилегија да ја посети изложбата „Fashion. Forever.“, курирана од Амбасадата на Шведска. Оваа изложба не беше само визуелен спектакл, туку и еден вид на повик за размислување – за тоа како модната индустрија може да ги прегрне принципите на циркуларната економија. Приказните за иновации и еколошка свесност се испреплетуваа во секој изложен експонат, додека младите дизајнери ги покажаа своите решенија за иднината на модата.
“Изложбата го истакнува шведското искуство во поттикнување на иновациите, претприемништвото и индустриите кои поддржуваат и овозможуваат зелена транзиција во модната и текстилната индустрија. Се движиме подалеку од брзата мода кон нешто што трае – кон вечнa мода.
Додека индустријата има голема улога – како потрошувачи, ние исто така треба да направиме промена. Треба да преминеме од опседнатост со „облеката на денот“ во опсесија со облека што ќе трае цел живот”- истакна заменик амбасадорката на Шведска Елизабет Далберј Фрис на отворањето на изложбата.
Во текот на вечерта, Џон Бела ја размрда атмосферата со својот музички настап, носејќи софистициран звук што ја освои публиката и ги постави основите за следните уметнички моменти. Но, токму изложбата „MASKAS“ го привлече вниманието како врвна уметничка симбиоза меѓу македонскиот тим Warm Metal и британскиот креативец Хуго Виндер-Линд. Оваа колаборација, поддржана од Британскиот совет, покажа како уметноста може да биде авангардна, но истовремено и естетски допадлива, препознавајќи ги традициите, но поставувајќи ги во модерен контекст. На отворањето на оваа изложба присутните ги поздрави Клер Сирс, директорка на Британскиот совет за Западен Балкан.
Кулминацијата на вечерта се случи со модната ревија на DMWC „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“. Иницијативата е дел од проектот „Промовирање на женската иновација и креативност на пазарот“, спроведена со поддршка на Амбасадата на Република Словенија. Моделите ги носеа познати јавни личности од јавниот живот. Ова не беше обична ревија – тоа беше патување низ времето, од корените на македонските традиции до денешната креативна сцена.
Вечерта заврши во ритамот на DJ Mongo & Omaru, каде присутните уживаа во after-party кое го продолжи темпото до раните утрински часови.
Денес е вториот ден од Моден Викенд Скопје, а еве што ве очекува на програмата:
11:00 – 12:00 Работилница и панел сесија од SIEC, поддржана од Green Land Group
12:00 – 14:00 Fika со размена на облека, организирана од Амбасадата на Шведска и SIEC
15:00 – 17:00 Syjunta Collaborative Repair Café, организирана од Амбасадата на Шведска и SIEC
18:00 Настап на ученици од училиштето SKALA
19:00 Пепита Паскова
20:00 Terziya, поддржана од винарија Монтеко
Disciplina
BadBunny
21:00 Берна Сарачи, CHRYSALIS: Свадбена колекција 2025 на BERNA SARACI
22:00 After-party
Не пропуштајте го овој исклучителен настан, каде што модата и културата се спојуваат во еден непрекинат тек на креативност и иновација.
Овој сет од настани е поддржан од пријателите на FWSK29:
Официјална локација на настанот: Културниот Центар Лабораториум
Официјален пијалок: Tanqueray London Dry – глобален бренд на џин, познат по својот посебен и класичен вкус; Johnny Walker – најпознатото шкотско виски на светот, бренд роден од страст и верба; DON JULIO – врвен бренд на текила, основан од Дон Хулио Гонзалес во 1942 година во Мексико, омилена меѓу љубителите на текила.
Schweppes – врвен освежителен пијалак со софистициран вкус, омилен меѓу оние кои бараат освежување со стил.
Официјален парфем: Мартимекс со Версаче
Официјален партнер за шминка: Revlon, во соработка со СУГС „Димитар Влахов“.
Официјален партнер за фризури: бренд Got2be, Пегли и Фенови за коса Philips, во соработка со СУГС „Димитар Влахов“.
Партнер за грижа на ткаенините: Perwoll Renew.
Официјален оброк на моделите се Имлек Протеин – Моќ на дофат!
Проектни партнери: Green Land Group, Обуќа Метро, MG ART, KP Chairs, Хотел Тимс, Аманти паста и вода Маyа.