Каде во ЕУ младите живеат најдолго со своите родители?

- Advertisement -

Младите полнолетни граѓани во земјите од Јужна и Источна Европа имаат тенденција да останат подолго со своите родители, покажуваат податоците на ОЕЦД и Евростат. Возрасните во ЕУ во просек го напуштаат домот на своите родители на 26-годишна возраст. Сепак, ова значително се разликува од нација до нација.

Во Финска, Шведска и во Данска тие обично се иселуваат до 21 година. За разлика од нив, во Хрватска, Словачка, Грција, Шпанија, Бугарија и во Италија тоа обично не се случува пред да наполнат најмалку 30 години, пишува Euronews.

- Advertisement -

Хрватска е на врвот на оваа листа на ОЕЦД и таму родителите во просек го напуштаат домот на 31,8 години, додека Словачка е втора со просек од 31 година.

Според податоците на ОЕЦД, Jужна Европа има особено висок процент на млади возрасни кои сè уште живеат со своите родители. Во овој збир на податоци Италија има најголем удел на луѓе на возраст од 20 до 29 години кои не живеат самостојно, 80%, потоа Грција со 78%, Шпанија со 77% и Португалија со 76%.

- Advertisement -

Во Велика Британија тој процент е 43%, а во САД 39%. Нордиските земји Норвешка, Финска, Шведска и Данска имаат најниски стапки, сите под 20%.

(021)

- Advertisement -

(фото: jmoproperty.com.au)

Сподели!
- Advertisement -