Започнуваат пријавите за Авицена Женска Трка 2025!

- Advertisement -

Денеска официјално почнува пријавувањето за 13-тото издание на Авицена Женска Трка 2025, која ќе се одржи на 13 април, 2025 година со почеток во 10:00 часот. Пријавувањето и регистрацијата за „Авицена Женска Трка 2025“, може да се направи преку официјалната веб страница, односно на следниот линк https://zenskatrka.mk/prijavuvanje/. Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.

- Advertisement -

Сите што ќе се пријават до 30 март 2025, нивното име ќе биде испишано на стартниот број. Рокoт за пријавување трае најдоцна до 3 април 2025, а на денот на трката не е можно пријавување.

Стартот на кружната трка во должина од 3 километри ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. По истрчаните 3 километри ќе се прогласат најдобрите, а потоа следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички и доделување подароци обезбедени од партнерите на трката.

- Advertisement -

Подготвени се и репрезентативни маици со логото на трката, кои ќе може да се купат при самиот процес на регистрација.

Со категории за сите возрасти и вредни награди, оваа трка е повеќе од спортски настан, таа претставува симбол на женска сила, мотивација и поддршка. Минатогодишниот успех на Авицена Женска Трка донесе рекордна бројка на женски учеснички на Виз Ер Скопскиот Маратон – дури 52% од сите учесници беа жени!

- Advertisement -

„Авицена Женска Трка 2025“ е во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје и тринаесет години по ред е симбол за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав и правилен животен стил. 

Организаторите на настанот ги охрабруваат сите жени да се пријават на трката и им посакуваат одлични резулатати.

Трчај за себе, за заедницата и за сите кои допрва ќе ги откријат радостите на активниот живот. Спортувањето е забавно и уште подобро во друштво!

Сподели!
- Advertisement -