Албанија ќе го забрани ТикТок на една година

- Advertisement -

Постои зголемена загриженост кај родителите Албанци по извештаите за деца кои земаат ножеви и други предмети на училиште за да ги користат во кавги или случаи на малтретирање промовирани од содржината што ја гледаат на платформата. Албанскиот премиер изјави дека владата ќе го затвори видеосервисот TikTok на една година, обвинувајќи го за поттикнување насилство и малтретирање, особено меѓу децата.

Албанските власти одржаа 1.300 состаноци со наставници и родители по смртта на тинејџерот во средината на ноември, кој беше избоден со нож од друг младинец по кавгата што наводно започнала на платформата за видео хостинг. Премиерот Еди Рама, говорејќи на состанокот со наставниците и родителите, рече: „TikTok ќе биде целосно затворен за сите. Нема да има TikTok во Република Албанија“.

- Advertisement -

Рама рече дека исклучувањето ќе започне следната година, но не прецизираше датум.

ТикТок во имејл побара албанската влада да го објасни случајот со избодениот тинејџер. Компанијата соопшти дека не пронашла докази дека сторителот или жртвата имале профили на TikTok и дека повеќекратните извештаи, всушност, потврдиле дека видеата што довеле до тој инцидент биле објавени на друга платформа, а не на TikTok.

- Advertisement -

Според домашните истражувачи, децата Албанци ја сочинуваат најголемата група корисници на TikTok во земјата. Албанија е премногу мала земја за да му наметне на TikTok промена на својот алгоритам за да не промовира „репродукција на јазикот на омраза, насилство, малтретирање и така натаму“, напишаа од кабинетот на Рама. Властите воведоа серија заштитни мерки во училиштата, почнувајќи со зголемено полициско присуство, програми за обука и поблиска соработка со родителите.

Рама рече дека Албанија ќе следи како компанијата и другите земји ќе реагираат на едногодишното затворање пред да одлучат дали да и дозволат на компанијата да продолжи со работа во Албанија.

- Advertisement -

Одлуката на Албанија доаѓа откако неколку европски земји, меѓу кои Франција, Германија и Белгија, воведоа ограничувања за пристапот на децата до социјалните мрежи. А Австралија отиде чекор понатаму во ноември, целосно забранувајќи ги социјалните медиуми за сите млади под 16-годишна возраст.

(EueoNews)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -