Само една земја во Европа ги плаќа жените повеќе од мажите

- Advertisement -


Родовиот јаз во платите е многу повеќе од еднаква плата за еднаква работа. Жените во Европа се соочуваат со големи нееднаквости во пристапот до работа, напредување и награди. Неколку индикатори ја покажуваат нееднаквоста меѓу жените и мажите во многу области, но економскиот живот е една од клучните области што најмногу ги засега жените.

И покрај некои подобрувања во Европа, жените сè уште страдаат од родови јазови кога станува збор за платите, учеството на работната сила, вработувањето и хиерархиските позиции на работното место.

- Advertisement -

Euronews Next ги анализира податоците за овие главни показатели за да даде поцелосна слика за сегашната родова поделба. Неприлагодениот родовиот јаз во платите е значаен показател, кој ја покажува разликата меѓу просечната бруто часовна заработка на мажите и жените, изразена како процент од просечната бруто часовна заработка на мажите. Не ги зема предвид образованието, возраста, работните часови или видот на работата.

Ова, во основа, открива колку помалку заработуваат жените од мажите. Во 2022 година родовиот јаз беше 12,7% во ЕУ. Со други зборови, жените во просек заработувале 12,7% помалку на час од мажите. Ова покажува дека жените во просек заработуваат 87,3 евра за секои 100 евра заработени од мажите. Накратко, жените би требало да работат дополнителни 1,5 месеци за да ја надополнат разликата.

- Advertisement -

Родовиот јаз во платите значително се разликуваше во ЕУ и блокот на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА). Во 2022 година тоа беше над 17% во неколку земји. Естонија имаше најголем јаз во платите меѓу половите од 21,3%, а потоа следат Австрија (18,4%), Швајцарија и Чешка (и двете по 17,9%).

Луксембург (-0,7%) е единствената земја со негативна бројка, што значи дека жените заработувале нешто повеќе од мажите.

- Advertisement -

Освен Луксембург, Италија, Романија и Белгија имаат најнизок јаз во платите меѓу половите, помалку од 5%.

Меѓу „Големата четворка“ на ЕУ, Германија (17,7%) и Франција (13,9%) имаа поголеми јазови од просекот на ЕУ.

Помеѓу 2012 и 2022 година, родовиот јаз во платите се намалил за 3,7 процентни поени (п.п.) во ЕУ, што е намалување од 16,4% на 12,7%. Во шест земји, имено Словенија, Латвија, Полска, Малта, Швајцарија и Литванија, родовиот јаз во платите се зголемил и се движи од 0,1 п.п. до 3,7 п.п. Шпанија забележа највисоко подобрување во родовиот јаз во платите со пад од 10 п.п. во овој период, по што следуваат Естонија (8,6 п.п.), Исланд (8,4 п.п.) и Луксембург (7,6 п.п.).

Германија и Обединетото Кралство, исто така, забележаа значителен пад од 5 п.п. и 4,7 п.п. соодветно.

Во 2022 година, родовиот јаз бил поголем во приватниот сектор од јавниот во 21 од 24 европски земји. Според агенцијата за податоци на ЕУ, Еуростат, ова може да се должи на фактот што платите во јавниот сектор главно се одредуваат со транспарентни мрежи на плати кои подеднакво се применуваат и за мажите и за жените во ЕУ. Јазот во платите бил поголем во јавниот сектор само во Португалија, Словенија и во Финска.

Кипар забележал (-0,2 отсто) негативен јаз во јавниот сектор, што покажува дека жените се подобро платени од мажите. Кипар, исто така, забележал најголема разлика меѓу јавниот и приватниот од 19,7 п.п.

Оваа разлика е над 10 п.п. во пет земји, што сугерира дека родовата нееднаквост во платите била силна во многу земји. Чешка имаше најголем јаз во платите меѓу половите во приватниот сектор од 20,5 отсто, а веднаш зад неа е Германија (19,9 отсто). Ова покажува дека жените во просек заработуваат 80 евра за секои 100 евра заработени од мажите во германскиот приватен сектор.

Причините зад родовиот јаз во платите не се едноставни. Тоа е повеќе од прашањето за еднаква плата за еднаква работа.Тоа подразбира голем број на нееднаквости со кои се соочуваат жените во пристапот до работа, напредок и награди, подвлекува Европската комисија.

Според Комисијата, главните причини се:

Секторска сегрегација: околу 24% од родовиот јаз во платите е поврзан со преголемата застапеност на жени во релативно ниско платените сектори, како што се грижата, здравството и образованието.

-Дискриминација во платите: жените заработуваат помалку од мажите за вршење еднаква работа или работа со еднаква вредност во некои случаи.

Нееднаков удел на неплатена работа: жените имаат повеќе работни часови неделно од мажите, но трошат повеќе часови на неплатена работа, факт што може да влијае и на нивниот избор на кариера.

Стаклен таван: позицијата во хиерархијата очигледно влијае на нивото на плата. На пример, професијата со најголеми разлики во заработувачката на час во ЕУ беа менаџерите: 23% помала заработка кај жените отколку кај мажите.

Многу фактори сè уште треба да се земат предвид при разбирањето на родовиот јаз во платите.

(Euronews)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -