Inovativnost Insights: Дамјан и Сара ја чуваат старата македонска традиција, ткаењето од заборав!

- Advertisement -

Интервју со Дамјан Ристовски, ткајач, студент по антропологија и етнологија и основач на продавницата “Народни носии“ во која се чува, негува и одржува во живот традиционалната македонска вештина – ткаењето.
Младите Дамјан и Сара кои пред 8 години ја совладале сложената техника на ткаење, под будното око на бабата на Дамјан, денес се горди сопственици на дуќанот “Народни носии“ во центарот на Скопје. Претрупани со работа и нарачки до крајот на летото овие двајва млади ентузијасти се неприкосновени во мисијата која си ја зацртале – да го сочуваат ткаењето од изумирање, да го шират фолклорот и да развиваат бизнис кој има многу поголема мисија.

Транскрипт од интервјуто под видеото.

- Advertisement -

Новинарка- Верица Јорданова
Снимател и монтажер – Синиша Илијески

Дамјан, имам впечаток дека народните носии и фолклорните мотиви ти се љубов на прв поглед.

- Advertisement -

Да, искрено, уште од мала возраст се занимавам со фолклор, односно растев сум во семејство каде што се пееја народните песни, каде што се чуваше народната носија. Мојата баба имаше сочувано носии од нејзината мајка, нејзината носија исто така ja имаше сочувано. Дедо ми многу пееше и чуваше таа вокална традиција на изведба на акапелни песни, односно без музичка придружба. Едноставно, ако си растен во такво семејство е невозможно да не се занимаваш со фолклор, да не ти се роди љубовта кон песните, кон обичаите, кон народната носија, кон тоа како се дошло до една народна носија. Мислам дека со текот на годините се повеќе се зголемуваше таа љубов и денес сме кај што сме.

Како се роди продавницата “Народни носии“?

- Advertisement -

Многу одамна, уште на почетокот кога почнавме да ткаеме со Сара, благодарение на мојата баба којашто ни ги покажа вештините за ткаењето. Таа ни ги долови сите специфични работи коишто не можеа да се видат на достапните снимки на YouTube како ткаат жените во другите држави, дали тоа биле черги, килими, делови од народни носија. Таа ни ги разјасни тие работи, бидејќи, јас и Сара бевме околу 15 години и за нас тоа беше ново и непознато.

Колку е тешко да се ткае, односно да се управува со оваа голема машина за ткаење?

Па искрено, доста е тешко да се совлада техниката на ткаење. За мене и за Сара можам да кажам дека веќе не е тешко да ткаеме, да сновеме, да воведуваме и да врзуваме, и да шараме после тоа. Со тек на време се надоградува самата замисла околу тоа дека е од тешко, секој пат оди кон полесно и кон полесно, и на крај од наша гледна точка, може да кажеме дека е многу лесно да се ткае. Меѓутоа, доколку прв пат некој се соочи со ткаеањето, ќе види дека воопшто не е лесно.

Колку време ви требаше за да совладате оваа техника, и колку време ви е потребно да исткаете едно мало килимче или еден појас за носија?

За да совладаме техниката на ткаење, искрено, беше потребна, можеби, цела година. Секој втор ден, буквално, се седнуваше на разбој. Се објаснуваше што е основа, што се нити, што е брдо, сите помошни делови на разбојот, како се почнува основањето, тие некои марифети што ги има основањето. Порано во селата, можеби, една до две жени биле познати дека знаат да основат, и тие сновеле за цело село. Создавањето на основата е многу важна зошто тогаш се ствараат конците коишто водат во основата без разлика дали е појас, скутина или платно. Во тој процес на подготовка се бројат сите жици, буквално, конче по конче се бројат, некои па достигнуваат от најмалку 50 па до 300-400 конци.

Дамјан, овде во дуќанот гледаме два разбои. Едниот е стар, другиот е нов. Може ли да ни ја кажеш приказната којашто стои зад овие разбои и на кој разбој всушност работите?

Во дуќанот имаме два разбои, едниот стар, а другиот нов разбој. На стариот разбој моментално ткаеме платна, односно платна за носија на етничка област Бојмлија, гевгелиско. Треба имаме нарачка за 12 антерии. За една една антерија се потребни 10 метри платно пто значи дека исткаеме 120, па и 130 метри платно а потоа да ги сушиме. Новиот разбој го набавивме од Србија и на него почнавме да ткаеме скутини исто така од Бојмлија. Материјалите коишто ги користиме при ткаење најчесто се памук и волна. Волната ја набавуваме од Србија затоа што во Македонија исто така, немаме производство на волна.

Твојот образовен профил е во областа на етнологија и антропологија, студираш овде на природно-математичкиот факултет, додека колекционерството ти е хоби што е реткост за млад човек. Како сето ова го спои да прерасне во бизнис?

Од самите почетоци кога учев да ткаам, некако беше неизбежно да почнам и да собирам народен носии. Како што кажав на почетокот, мојата баба имаше носија, и нејзина и од нејзината мајка. Некако ми беше фасцинатно како жените за многу краток период, прилика од 50, 60, 70 години, целосно преминале од носии на готови производи како фармерки и маици. .

Почнав да собирам од сосетките кои драга волја ми ги подаруваа своите носии и со текот на времето се собра една голема бројка до 100 скоро комплетни народни носии. Со текот на времето и јас отуѓив бидејќи не можев да ги чувам сите. Народните носија ги споив во бизнис. Кога со Сара почнавме да учиме да ткаеме имавме желба да си основаме еден ден фирма или продавничка каде што ќе покажуваме на сите луѓе дека ткаењето не е изумрено, дека нема да дозволиме да изумре. Ние сме млади луѓе коишто ќе ја продолжиме традиција од нашите баби и прабаби.

Неодамна успеавме да отвориме дуќан на најударното место во државата, на Рекорд каде посетеноста е огромна. Народот кој поминува е вчудовиден. Некој мислат дека разбојот е само експонат, но кога ќе ми биде дека ткаам дури се зачудени.

Сара, освен што може да се купат сувенири со фолклорни мотиви што сè друго може да се купи или да се направи во оваа преубава продавница?

Ние изработуваме делови од народни носии, за фолклорните друштва, но и за поединци кои сакаат да се облечат во носија за одредени манифестации поврзани со празници. Во понудата имаме сувенири, вршиме откуп на народни носии, а нудиме и часови за ткаење Се што гледате во продавницата е направено рачно од нас двајцата.

Дамјан, може ли еден ваков концепт да биде профитабилен и кои се вашите планови и очекувања во следниот период?

Искрено, кога ја основавме фирмата знаевме дека ќе бидеме презафатени со нарачки од фолклорните ансамбли кои веќе не преплавија со нарачки за ткаење скутини, појаси и платна за елеци. До лето сме сосема зафатени и можам да кажам дека оваа дејност на долгорочен план е профитабилна бидејќи е единствна од ваков тип. Така ќе остане и во наредните 10-20 години затоа што во услови на екстремна модернизација, секој го влече коренот и потеклото и затоа сакаат да имаат барем едно килимче или една носија по потекло од својот крај.

Сподели!
- Advertisement -