Не треба да се чувствуваме глупави ако сме измамени од лажни вести. Вистински предизвик е да ги препознаеме!

- Advertisement -

Во услови на хиперинфлација на информации, голем број на социјални мрежи и бомбардирање со вести од сите страни станува голем предизвик да се препознаат лажните вести и дезинформациите. Со навлегувањето на вештачката интелигенција и другите технологии во сите пори од животот овој предизвик станува поизразен.

Како да станеме поотпорни на ова, како да заштитиме од дезинформации и како младите да ги едуцираме на оваа тема во Inovativnost Insights разговаравме со новинарката Катерина Топалова, која воедно е и предавач на тема медиумска писменост.

- Advertisement -

Поенти:

  • Напливот на информации денес постојано ги дразни и си игра со нашите емоции. Советот е кога емотивнмиот набој е на највисоко ниво човек малку да почека, да застане и да се запраша што чувствуваат. Во набој на емоции се прават најголеми грешки од аспект на неразликување на дезинформации и штетни информации
  • Мора да знаеме кој е медиумот на кој му веруваме, медиумот кој никогаш не не излажал, медиумот кој мене ми ги дава информациите за поквалитетно секојдневие
  • На сите возрасни групи Интернетот ни станува начин на добивање информациите
  • За младите некогаш е многу тешко да препознаат виртуелна од фактичка реалност. Не можат секогаш да препознаат дека она што го гледаат е монтажа, па младешката љубопитност може да биде опасна или кобна, како на пример во некои предизвици на социјалните мрежи.
  • Не може да претпоставиме како ќе изгледа медиумскиот простор следната година гледано од аспект на новите технологии и вештачката интелигенција. Мора да бидеме свесни за промените кои се случуваат, но не смееме да се плашиме.
    Единствено треба да сме информирани, будни и свесни за тоа што се случува околу нас!
Сподели!
- Advertisement -