Во свет каде што неизвесноста е единствената константа, успешните претприемачи се оние што знаат да се адаптираат, тестираат идеи и брзо донесуваат одлуки. Но, како да развиеш бизнис што навистина ги решава вистинските проблеми на пазарот? Како да го намалиш ризикот од неуспех, а истовремено да бидеш иновативен?
Одговорот го нуди Design Thinking – методологија што ја користат компании како Airbnb, Google и IBM за создавање услуги и продукти кои луѓето навистина ги сакаат и им требаат. Овој пристап одамна ја надминал границата на ИТ и технолошките компании – сега се користи и во финансии, производство, малопродажба, па дури и во здравствениот сектор.
На 19 февруари, за првпат во Битола, младите претприемачи од југозападниот регион ќе имаат можност бесплатно да научат како се применува Design Thinking, во рамките на работилницата „ProBiz Superpowers “, како дел од програмата за млади претприемачи поддржана од ПроКредит Банка и ЕБОР.
Зошто Design Thinking е важен за претприемачите?
99.7% од компаниите во Македонија се мали и средни претпријатија, а нивниот опстанок и раст зависат од способноста брзо да се адаптираат на пазарните услови.
„Design Thinking не е само алатка – тоа е начин на размислување кој ти помага да разбереш што навистина сакаат клиентите. Наместо да се претпоставува, се тестира, наместо да се инвестира во нешто несигурно, се создава решение што има реална вредност,“ вели Александар Стамболиев, извршен директор на Бизнис Акцелератор УКИМ-БАУ.
Никола Огненовски, портфолио менаџер на УКИМ-БАУ, додава:
“Она што го гледаме е дека стартапите и малите бизниси што го применуваат Design Thinking подобро ги презентираат своите идеи, побрзо наоѓаат инвеститори и полесно освојуваат нови пазари.”
Што ќе научат учесниците?
-Како да ги препознаваат вистинските потреби на корисниците.
-Како да дефинираат проблем што вреди да се решава.
-Како да генерираат идеи што носат вредност.
-Како да креираат прототипи и да ги тестираат пред да инвестираат во нив.
-Како да користат Design Thinking во развојот на својот бизнис.
Кој може да учествува?
Млади бизнис сопственици или управители до 35 години. Работилницата е БЕСПЛАТНА, но бројот на места е ограничен.
Детали за работилницата
Локација: Utopia Business Club, Битола
Датум: 19 февруари 2025 (14:00 – 18:00)
Линк за пријавување: Design Thinking
Претприемништвото бара нови супермоќи – подготвени сте?
Ако сакате да го развивате својот бизнис како што тоа го прават најуспешните компании, оваа работилница е вашата можност да научите како Design Thinking може да ви помогне да создадете нешто што пазарот навистина го сака.
Резервирајте го вашето место веднаш!
Програмата ЕБОР “Млади во бизнис” е поддржана од Европската Унија, Шведска преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка, Италија преку Централноевропската иницијатива и Луксембург преку Фондот за малите бизниси на ЕБОР.
Програмата “Млади во бизнис” во Македонија единствено се пласира преку ПроКредит Банка и им помага на малите и средните претпријатија кои се во сопственост или управувани од млади претприемачи до 35 години да пристапат до знаење, експертиза, финансии и други клучни ресурси за да ги надминат своите предизвици и да го реализираат својот потенцијал. Целта на програмата е да поттикне раст, иновации и финансиско зајакнување, со што ќе се редефинира пејзажот за малите и средни бизниси кои се двигателите на економскиот развој во земјава.