Apple развива нов универзален далечински управувач

- Advertisement -

Apple, наводно, развива нов уред кој би можел да функционира како универзален далечински управувач, со кој корисниците ќе можат да контролираат различни електронски уреди или да ги подобрат можностите на iPhone.

Неодамна одобрениот патент, под името „Контрола на електронски уреди базирани на безжично откривање близина“, објавен од Apple Insider, сугерира дека компанијата истражува технологија што ќе им овозможи на корисниците да контролираат различни уреди – од телевизори и паметни домашни уреди до возила и конзоли за игри – со едноставни движења на уредот. Овој уред може да биде iPhone или iPad.

- Advertisement -

Иако контролирањето уреди со iPhone не е ништо ново, имајќи предвид дека Apple веќе нуди слични функции, како што се апликација за далечински управувач на Apple TV и Apple Car Key за отклучување и стартување автомобил, постоечките методи бараат од корисниците рачно да го изберат уредот што сакаат да го контролираат.

Од Apple тврдат дека таквиот процес честопати ги фрустрира корисниците, а тоа го нарушува корисничкото искуство. Според патентот, новиот безжичен систем за контрола би овозможил уред како iPhone автоматски да препознае кога корисникот сака да контролира одреден уред и да идентификува за кој уред станува збор, пренесува Mashable. Ова препознавање се заснова на фактори како што се близината, ориентацијата и потенцијалните команди засновани на гестови.

- Advertisement -

Според патентот, „корисникот повеќе нема да има потреба да отвора или да отклучува уред за безжична комуникација (на пр., со внесување лозинка или биометриски идентификатор, како што е отпечаток од прст) за да управува со предмет”.

(Mashable)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -