Што е дигитална зрелост? Интервју со Владимир Ристевски

- Advertisement -

Секој бренд што сака да биде дел од дигиталниот свет се соочува со предизвикот на донесување одлуки и избор на стратегии кои ќе му помогнат да остане релевантен и конкурентен. Пред извесно време, full-service маркетинг агенцијата Пиксел, позната по своите стратешки, креативни и софтверски решенија особено во дигиталниот свет, постави едноставно, но суштинско прашање: „Што е дигитална зрелост?“

Она што започна како мини-кампања на социјалните мрежи брзо привлече внимание отворајќи дискусија за тоа што навистина значи да се биде дигитално зрел бизнис. Дали е тоа совршено дизајниран визуелен идентитет? Функционални дигитални решенија? Или можеби добро таргетирани маркетинг кампањи?

- Advertisement -

За да дознаеме повеќе за концептот на дигитална зрелост и начинот на којшто компаниите можат да ја постигнат, разговаравме со Владимир Ристевски, партнер и креативен директор на Пиксел.

Владимир, што Ве поттикна да ја спроведете оваа кампања?

- Advertisement -

Во денешно време, сите зборуваат за дигитална трансформација, но ретко кој зборува за дигитална зрелост. Да, доста од компаниите ги дигитализираа нивните услуги и производи, но тоа се случи само делумно, бидејќи многу од нив само површински навлегоа во процесот на дигитализација.

Дигитална зрелост значи да се направи еден детален осврт на целото ваше деловно работење и да се одреди што сѐ може да се дигитализира и автоматизира. Ова е многу важно, особено во контекст на денешното вртоглаво развивање на вештачката интелигенција, каде технологијата знае толку бргу да отиде напред во текот на неколку месеци што порано беше незамисливо да се случи дури и во текот на неколку години.

- Advertisement -

Оттука, и кај нас се роди потребата да направиме кампања каде ќе ги едуцираме компаниите за тоа што навистина значи дигитална зрелост и како Пиксел може да биде двигател на овој раст.

Што е всушност дигитална зрелост за една компанија? Како Вие би ја дефинирале?

За нас во Пиксел, дигиталната зрелост е состојба кога компанијата не само што ги интегрира сите дигитални канали, туку и има јасно дефиниран бренд кој раскажува сопствена приказна. За таквата „состојба“ се потребни:

  • Визуелна конзистентност – дизајн што ја одразува суштината на брендот и создава доверба кај крајниот корисник
  • Технолошка функционалност – мобилни и веб платформи што работат беспрекорно и овозможуваат интуитивно корисничко искуство.
  • Стратегиски маркетинг – кампањи што се планираат на база на податоци, кои ги максимизираат резултатите во вистинско време. Оваа комбинација не само што ја зголемува конкурентноста на една компанија, туку и ја позиционира како лидер во својата индустрија.

Како Вие им помагате на клиентите да достигнат дигитална зрелост?

Во Пиксел ја користиме експертизата на трите наши оддели. Во маркетинг одделот, преку длабока анализа на пазарот, креираме индивидуални стратегии кои ги идентификуваат вистинските можности за раст и ги обезбедуваат конкретните резултати. Тука дефинираме идеални потрошувачи, ги анализираме каналите кои ги користат и ја прилагодуваме комуникацијата во зависност од тоа во кој циклус на куповниот процес се наоѓаат.

Во одделот за дизајн нашите креативни тимови работат на создавање визуелен идентитет кој не само што привлекува внимание туку и раскажува приказна која резонира со целната публика и со идеалните потрошувачи. Неретко брендовите се заглавени во еден стил и насока и тоа колку и да е добро за општиот впечаток за еден бренд, толку е и погубно доколку не се земе предвид што целните групи сакаат да видат од тој бренд. Најчесто помладите генерации (генерациите Зед и Алфа) се пример за целни публики кои имаат големи и различни очекувања од брендовите кои ги следат.

Во развојот на софтверски решенија гарантираме дека сите дигитални платформи се развиени според најновите стандарди, овозможувајќи безбедно, брзо и интуитивно искуство. Со оваа интегрирана синергија, клиентите добиваат целосен, мерлив и напреден дигитален екосистем што им овозможува да се издвојат на пазарот.

Може ли да ни го опишете процесот како започнува патот кон дигитална зрелост со Пиксел?

Секој нов проект со нас започнува со серија на интерактивни брифинг работилници. Тука, заедно со клиентот, прво ги разгледуваме целите и амбициите. Се обидуваме да разбереме што сака клиентот да постигне – зголемување на продажбата, подобрување на искуството на корисниците или позиционирање како иновативен лидер.

Следниот чекор е анализа на пазарот. Преку детална анализа на конкурентите и трендовите, ги идентификуваме можностите и предизвиците со кои можеме да се соочиме во текот на работењето.

Откако ќе ја дознаеме состојбата на пазарот, почнуваме со работа на прилагодена стратегија. Заедно со експертите од маркетинг, дизајн и девелопмент креираме конкретен план кој ги интегрира сите аспекти на дигиталната зрелост. Потоа, преку пилот проекти и итеративно тестирање, го валидираме нашиот концепт.

Ваквиот процес ни обезбедува транспарентност, брзи резултати и континуирана оптимизација, што резултира со стабилен раст, но и дава можност да правиме брзи корекции доколку пазарот тоа ни го диктира.

Дали и како вештачката интелигенција игра улога во достигнувањето дигитална зрелост?

Вештачката интелигенција е веќе е основен дел од модерната дигитална стратегија. Примарно, таа ни овозможува да ги автоматизираме задачите. Доколку имаме дигитални процеси кои ни одземаат многу време, нема подобар момент да ја искористиме моќта на дигиталните алатки и преку API поврзувања со софтвери и програми за вештачка интелигенција да направиме интеграции и меѓусебна комуникација, што ќе ни го олесни животот и ќе овозможи нашите експерти да се фокусираат на креативни и стратешки аспекти.

Преку алатки кои користат вештачка интелигенција исто така ги оптимизираме кампањите и ги прилагодуваме стратегиите според актуелните услови на пазарот, благодарение на можноста да анализираме податоци во реално време.

Примената на ВИ исто така ни овозможува да ги персонализираме искуствата на корисниците, односно да создаваме кампањи и дигитални платформи кои се адаптираат кон нивните индивидуални потреби. Тука во голема мера игра улога и тренирањето на чет ботови со кои крајните корисници треба да комуницираат, кои се толку веродостојни што некогаш и корисниците не знаат дека не се луѓе.

И конечно, ВИ е од голема помош кога треба да бидеме креативни, а не ни оди. 🙂 Како што ВИ може да помогне за копирајтинг, креативни идеи и концепти за кампањи, апликации и дизајни, не може ни највештиот креативец. Бар не може секој ден, за целото работно време. Не велам дека ВИ дава финални резултати, ама многу е лесно да добиеш плејада на добри идеи од кои можеш да селектираш најдобри и да ги доработиш според целта и условите што треба да ги постигнеш.

Секако, нема да го изоставиме најпоставуваното прашање во последно време – дали сметате дека вештачката интелигенција ќе им ги земе работните места на луѓето од маркетинг, дизајн и девелопмент секторот?

Мислам дека ВИ не е конкуренција за луѓето, туку сојузник. Автоматизацијата на рутинските задачи ги растеретува нашите креативни и стратешки тимови и ги ослободува да создаваат повеќе иновативни и уникатни решенија. Дека ВИ може да смисли маркетинг стратегија, да направи дизајн и да искодира целосно дигитално решение, да, може, но човечкиот допир и искуство се пресудни за тоа креативно решение да има цел, да е ефективно и да се препознае на пазарот како потребно. Иднината е во идејата да се ослободи време од безначајна работа и да се посвети поголем фокус на персонализација и нови решенија.

Како според Вас може да се реши недостигот на работна сила кај нас?

Кај нас во Пиксел, за да го адресираме недостигот на работна сила, инвестираме во континуирана едукација, менторство и развој на нови таленти. Соработуваме со академските институции и организираме работилници и тренинзи, што не само што го зголемува бројот на квалификувани професионалци, туку и ја гради иднината на индустријата со свежи идеи и иновативен пристап.

Секако, треба да се инвестира и на ниво на други индустрии каде што дигиталните вештини треба да го намалат јазот што произлегува од недостигот на вработени и повеќето процеси да се дигитализираат и да се автоматизираат. На тој начин ќе можеме подобро да го искористиме човечкиот потенцијал кој моментално го имаме.

Човек учи додека е жив и оној момент кога ќе го заборавиме ова, се враќаме неколку чекори назад. Образованието мора да ги следи трендовите на дигитална писменост и мора да ги преквалификуваме луѓето на време за да има работа за сите и да има доволно работна сила во секоја компанија за да се продолжи напред со раст и развој.

Сподели!
- Advertisement -