Сите сме имале фази кога сме се чувствувале уморни, и покрај ноќниот одмор и во текот на работниот ден размислувавме како една кратка дремка би била добра за нас. Но, кога таквото чувство ќе стане секојдневие, јасно е дека нешто не е во ред. Ако ги прашате луѓето околу вас дали се чувствуваат уморни, повеќето веројатно ќе одговорат потврдно. Речиси се чини дека заморот стана неизбежен дел од модерниот живот. Но, не мора да биде така.
Д-р Кејтилин Шифер, лекар за семејна медицина во амбулантски центар за здравје Данканон во Државниот универзитет на Пенсилванија, истакнува дека постојат три главни категории на причини за замор – начин на живот и стрес, исхрана и здравствени причини. Според д-р Шефер, брзото темпо на модерниот живот може да доведе до хроничен стрес и исцрпеност. Особено за жените кои се и мајки и вработени и им даваат приоритет на потребите на другите пред нивните.
За да се излезе од тој магиче круг д-р Шивер предлага промена на животниот стил. Најпривн, тоа значи земање редовни паузи. Освен тоа, битно е дасе постават граници меѓу работното време и времето лично за вас. Д-р Шифер потенцира и дека најбитно е да се грижите за самите себе. „Нека тоа ви биде приоритет, а не луксуз“ вели д-р Шифер.
Еден од кучните начини за да го елиминирате заморот е да стекнете добра хигиена на сонот. Иако може да мислиме дека спиењето е едноставна активност, всушност, може да има многу бенефити по чувството на одмореност. Тоа значи да се држите до едонставен распоред на спиење и редовно да планирате кога ќе ви бидат оброците.
Вечерата треба да е двачаса пред да си легнеме да спиење за даспречиме киселини. inner should be more than two hours before bedtime to prevent reflux. Ограничете го внесот на течности пред спиење. Ова помага да се спречи будењето навечер за користење на бањата. И конечно, внимавајте што јадете. Лошите навики во исхраната и недостатокот на витамини може да се маскираат како општ замор, истакнува Шефер.
Тој објаснува дека многу луѓе се чувствуваат уморни после ручекот бидејќи нивниот оброк бил богат со јаглехидрати, што предизвикало нагло покачување и опаѓање на шеќерот во крвта. Покрај тоа, лошата исхрана може да предизвика недостаток на витамините Д и Б12 во телото, што исто така може да доведе до чувство на замор. Затоа д-р Шифер советува да јадете цели зрна како киноа, јачмен или интегрална пченица и да избегнувате бел леб или бел ориз. Исто така, треба да избегнувате храна богата со преработен шеќер, особено пред спиење. Потребно е да се испие два литри вода во текот на денот. Ако ова ви е тешко, поставете потсетник на телефонот и пијте неколку голтки на секои 15 минути.
Седентарниот начин на живот може да придонесе и за ниско ниво на енергија, така што постојаното вежбање, секој ден, дури и само неколку минути брзо одење, е клучно за зголемување на нивото на енергија.
Ако и покрај сето ова сепак се чувствувате уморни, д-р Шифер советува да разговарате со лекар. Недостатокот на витамини може да влијае на заморот и може да се утврди со едноставен тест на крвта. Главен виновник за хроничен замор може да бидат и недијагностицираните нарушувања на спиењето Апнејара при спиење е недоволно дијагностицирана. И не се погодени само мажите со прекумерна тежина. Тоа се почесто го гледаме кај сите популации, предупредува д-р Шифер. Ако се сомневате дека можеби имате проблем со апнеја, вашиот лекар може да ве упати кај специјалист кој ќе направи тестови, како што е студија за спиење, за да утврди дали навистина е проблемот.
Хормоналната нерамнотежа за време на менопаузата е уште една честа причина за замор, но д-р Шифер вели дека жените не мора нужно да се справуваат со тоа во следните пет до десет години од нивниот живот. Постојат третмани кои можат да помогнат привремено или долгорочно, а се многу слични на оние кои ги користиме за анксиозност, пред се лекови SSRI, истакнува таа, но додава дека жените за ова треба да се консултираат со својот лекар.
Ако заморот трае повеќе од шест месеци без очигледна причина, време е да разговарате со вашиот лекар. Да се биде уморен постојано не е бенигно. Тоа може да влијае на вашето ментално здравје, сексуалното здравје и севкупниот квалитет на живот, предупредува д-р Шифер.
(PennState)
(фото: Free Malaysia Today)