Инвестирањето не е за богатите – туку за паметните

- Advertisement -

Парите што ги чувате на штедна книшка ви губат вредност секоја година. Инфлацијата не прашува дали сте подготвени – таа работи против вас 24/7. Светот одамна сфати дека класичното штедење не е доволно. Но, што ако ви кажам дека постои начин парите да работат за вас, а не обратно?

P2P.mk не е обична платформа – тоа е промена во начинот на размислување. Во време кога технологијата овозможува секој да стане инвеститор, P2P.mk е првата македонска платформа што ја носи оваа можност поблиску до луѓето.  Но, колку Македонците се подготвени да ја прифатат? Што значи да инвестираш, а не само да штедиш?  Дали е ова само „тренд“ или нова реалност што ќе го смени финансискиот пејзаж?

- Advertisement -

Разговараме со Теодор Тодоровски, човекот што ја води првата P2P платформа во Македонија од почетоците. Банкар по образование, визионер по избор – неговата приказна покажува дека оние што не се плашат од промени, ги создаваат.

P2P платформите стануваат глобален тренд. Како P2P.mk се позиционира во македонскиот пазар и која е вашата долгорочна визија?

- Advertisement -

P2P.mk не е само платформа – тоа е едукација, трансформација и чекор кон иднината на финансиите. Во светски рамки, P2P инвестирањето веќе докажа дека може да биде сериозна алтернатива на класичните банкарски продукти. Македонија можеби заостанува во некои аспекти, но ние сме тука да ја промениме играта.

Нашата долгорочна визија? Секој човек во Македонија да има пристап до инвестициски можности, без разлика на тоа дали има 50 или 50.000 евра. Во наредните години сакаме да ја прошириме платформата, да донесеме нови инвестициски можности и да изградиме екосистем во кој секој може да го умножи својот капитал.

- Advertisement -

Колку македонскиот инвеститор е подготвен за ваква иновација? Има ли доволно финансиска едукација за да ја препознае шансата?

Да бидеме искрени – финансиската едукација кај нас сè уште не е на посакуваното ниво. Но, тоа не значи дека луѓето не се подготвени – напротив. Македонците отсекогаш знаеле да препознаат добра можност, само им треба вистинска информација и доверба. Затоа, нашата задача не е само да нудиме инвестициски опции, туку и да учиме, објаснуваме и рушиме митови за инвестирањето.

Во услови на економска нестабилност и висока инфлација, може ли P2P инвестирањето да биде алтернатива за класичните банки?

Банките се сигурни, но дали се доволно исплатливи? Ако вашите пари стојат на штедна книшка и заработуваат 1% камата, додека инфлацијата ви „јаде“ 10% годишно – тогаш реално губите пари, а не ги штедите.

P2P инвестирањето е сигурно, нуди мултиплицирање на капиталот со пониски бариери за влез. Наместо класично штедење, вие директно инвестирате во кредити и добивате камата што е значително повисока од онаа во банките. Тоа не значи дека нема ризик, но значи дека имате многу поголем потенцијал за раст.“

Што им кажувате на скептиците кои сметаат дека P2P инвестирањето е ризично?

На секој што вели „ова е ризично“, му велам: дали некогаш си се запрашал колку ризикуваш кога ги чуваш парите на место каде што не растат?

Ризикот не постои, ако парите се инвестираат преку концепти кои нудат структура, контрола и транспарентност. Секој инвеститор има алатки да го минимизира ризикот преку диверзификација, а платформата постојано го следи квалитетот на кредитите што ги нуди.

Што можете да ни кажете за новообјавениот бесплатен водич за инвестиции? Зошто решивте да го направите достапен за сите?

Ајде реално – кога ќе слушнат „инвестиции“, повеќето луѓе веднаш помислуваат на Волстрит, сложени графици и некој човек во скапо одело што вика „купувај, продавај!“. Но, вистината е многу поедноставна: инвестирањето е само паметен начин парите да работат за вас, наместо вие да работите за нив засекогаш.

Затоа го создадовме овој бесплатен водич за инвестиции – да ги расчистиме митовите, да објасниме што е P2P инвестирање на разбирлив јазик и да им помогнеме на луѓето да сфатат дека не мора да бидеш финансиски гуру за да започнеш.

Ова не е класичен финансиски документ што ќе ве успие после третата реченица. Ова е конкретен, едноставен и разбирлив водич со реални примери и практични совети – нешто што ќе ви ја разјасни сликата и ќе ви даде храброст да го направите првиот чекор.

Луѓето често мислат дека инвестирањето е нешто комплицирано, нешто што го прават само финансиските магнати со огромен капитал. Но, тоа не е точно. 

А најдобриот дел? Целосно е бесплатен! Затоа, ако сакате да дознаете како да ги ставите вашите пари во акција, само симнете го од www.p2p.mk – нема што да изгубите, а можеби ќе добиете нова перспектива за вашата финансиска иднина [линк до водич]

Напуштивте традиционална банкарска кариера за да создадете нешто ново. Како изгледаше тој момент?

Мојот избор не беше дали да останам во сигурноста на банкарството или да влезам во нешто ризично. Изборот беше: дали ќе бидам дел од системот или ќе создадам нешто што го менува?

Првиот чекор беше најтежок. Имаше моменти кога се прашував дали вреди, дали луѓето ќе го прифатат, дали сум спремен за ова. Но, една работа ја знаев со сигурност: инвестирањето мора да стане подостапно. И тоа ми беше доволна мотивација да продолжам.

Ако денес почнувате од нула, со 1.000 евра, каде би ги вложиле?

Во знаење и паметна диверзификација. Половина од тие пари би ги ставил во P2P инвестирање, но втората половина би ја инвестирал во личен развој – книги, курсеви, нови вештини. Зошто? Затоа што најдобрата инвестиција секогаш сте вие сами.

Што би му кажале на младиот Теодор Тодоровски пред 10 години?

Биди помалку перфекционист, повеќе ризикувај и не чекај совршен момент – бидејќи таков нема.

Сподели!
- Advertisement -