„Стокомак“ го отвори првиот објект во Србија

- Advertisement -

 Во Пирот денеска беше отворен првиот објект во Србија на познатиот синџир маркети од Македонија „Стокомак“. Објектот има над 600 м/квадратни продажен простор и понуда од околу 1.400 артикли.

– Планот за Србија е да почне од овој регион, југ и југоисточен. Планирано е во следните неколку месеци да се отворат осум продавници во оваа област. Во понудата се квалитетни производи од светски брендови, српски производи, како и брендови на Стокомак, изјави Зоран Младеновиќ, извршен директор на компанијата Стокомак за Србија..

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -