Дури една шестина од светските полиња се загадени со тешки метали

- Advertisement -


Околу една шестина од целата обработлива земја во светот е загадена со токсични тешки метали, а дури 1,4 милијарди луѓе живеат во области со висок ризик, пишува The Guardian. Помеѓу 14% и 17% од обработливото земјиште во светот или околу 242 милиони хектари се загаден со најмалку еден токсичен метал, како што се: арсен, кадмиум, кобалт, хром, бакар, никел или олово – на нивоа што ги надминуваат земјоделските и здравствените стандарди.

Анализата е спроведена со помош на податоци собрани од повеќе од 1.000 регионални студии ширум светот, како и со користење на технологија за машинско учење. Загадувањето на почвата со тешки метали потекнува и од природните процеси и од човековите активности. Контаминираната почва претставува сериозен ризик за екосистемите и здравјето на луѓето, но исто така, ги намалува приносите и го загрозува квалитетот на водата и безбедноста на храната.

- Advertisement -

За да биде целата ситуација уште полоша, контаминацијата со отровни метали трае со децении откако почвата е прво загадена, а токсините може да се акумулираат долго време.

И додека побарувачката за критични метали се зголемува, научниците предупредуваат дека загадувањето со тешки метали ќе се влоши. Нашата глад за метали клучни за технолошкиот напредок и изградбата на зелена инфраструктура потребна за борба против климатските промени само ќе го зголеми загадувањето.

- Advertisement -

Комбинирајќи ги нивните податоци со податоците од студијата за глобалната дистрибуција на населението, истражувачите проценуваат дека меѓу 900 милиони и 1,4 милијарди луѓе живеат во области со висок ризик ширум светот.

Утврдено е дека кадмиумот е најраспространетиот токсичен метал и е особено распространет во Јужна и Источна Азија, делови од Блискиот Исток и во Африка.

- Advertisement -

(RTS)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -