УКИМ во соработка собизнис секторот за поквалитетна практична настава

- Advertisement -

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје официјално потпиша Меморандум за соработка со швајцарскиот проект Образование за вработување (E4E@mk) и швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (IME).  Овој Меморандум има за цел да ги унапреди можностите за студентите преку практична работа во компании, интегрирајќи ја како составен дел од студиските програми.

Соработката е резултат на заедничка визија за поконкурентно и релевантно образование кое ги поврзува студентите со реалниот сектор. Oваа иницијатива се заснова на два клучни столба:

- Advertisement -
  • Унапредување на соработката помеѓу приватниот сектор и образовните институции. Овој партнерски однос се фокусира на обезбедување практична настава за студентите, што им овозможува да го надополнат теоретското знаење со вештини од реалниот свет, со што се подобрува нивната подготвеност за пазарот на трудот.         

  • Вклучување на приватниот сектор во развојот на студиските програми. Земајќи ги предвид актуелните потреби на компаниите во однос на знаењето, вештините и компетенциите што се бараат во нивните сектори, оваа соработка гарантира дека студиските програми ќе бидат усогласени со индустриските барања.

Овој модел се надоврзува на успешното искуство со дуалното образование во средните стручни училишта, каде што соработката со компаниите веќе покажува конкретни резултати. Сега, фокусот се проширува и на академските институции, со цел да се обезбеди поддршка за креирање на нови генерации на млади професионалци со практични вештини и реална подготовка за вработување.

На настанот беа презентирани конкретни примери на успешна соработка помеѓу факултетите и компаниите. Посебно беа истакнати иницијативите на Технолошко-металуршкиот факултет со Макстил, како и Факултетот за земјоделски науки и храна со компанијата Агро Јуником, кои веќе започнаа со реализација на практичната обука за студенти.

- Advertisement -

Преку оваа соработка, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ прави силен исчекор кон модернизација на високото образование и негово усогласување со потребите на современиот пазар на труд. Иницијативата е отворена за вклучување на уште повеќе факултети и компании низ земјата.

Сподели!
- Advertisement -