A1 Македонија со унапредена програма во овогодишната „A1 Academy“

- Advertisement -

A1 Македонија продолжува со својата посветеност кон развојот на дигиталните вештини кај младите и го најавува новиот модул „AI in Digital Marketing“ како дел од едукативната програма „A1 Academy“. Модулот започнува на 15 мај и е наменет за млади од 18 до 25 години, кои сакаат да се запознаат со примена на вештачката интелигенција во дигиталниот маркетинг.

„Продолжуваме да вложуваме во иднината на младите, овозможувајќи им пристап до најновите дигитални алатки и знаења. Нашата посветеност на иновациите и на континуираниот развој на дигиталните вештини ги подготвува учесниците за предизвиците, како и за лидерски позиции во дигиталната економија. Со новиот модул, продолжуваме да го поттикнуваме дигиталниот напредок, давајќи им можност на младите да ја искористат силата на вештачката интелигенција во маркетингот, со цел максимално да ја унапредат својата ефикасност во работењето“, изјави Бранкица Толевска, раководител на одделот за бизнис трансформација и корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

- Advertisement -

Програмата ќе ги опфати најновите AI алатки за анализа на податоци, креирање маркетиншки стратегии, персонализација на содржини и оптимизација на кампањи. Преку интерактивни предавања, учесниците ќе имаат можност да научат како да користат AI за подобрување на различни аспекти на дигиталниот маркетинг и да ги унапредат своите професионални вештини во ова динамично поле.

Модулот е проширен со предавање од врвни експерти, вклучувајќи експерт предавач во областа на маркетингот, предавач од A1 Македонија и професор од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Овие предавачи ќе го збогатат курсот со специјализирани теми и примери од академската и индустриската практика.

- Advertisement -

Апликациите за учество за модулот „AI in Digital Marketing“ се отворени од денес. Сите заинтересирани млади од 18 до 25 години кои сакаат да бидат дел од програмата, треба да ја пополнат апликацијата достапна на веб-страната a1academy.a1.mk. По завршување на Академијата, секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.

Сподели!
- Advertisement -