Европската вселенска агенција го лансираше првиот сателит за мерење на јаглеродот во шумите во светот

- Advertisement -

Европската вселенска агенција (ESA) успешно го лансираше првиот сателит дизајниран за прецизно мерење на количеството на јаглерод во светските шуми, користејќи специјален радарски систем кој продира низ врвовите на дрвјата и овозможува увид во внатрешноста на шумските екосистеми.

Сателитот наречен Biomass е лансиран од базата на агенцијата во Куру, Француска Гвајана и користи радар со долга бранова должина, што му овозможува да открие гранки и дрвја скриени под крошната, за разлика од постоечките радари кои само ја регистрираат површината.

- Advertisement -

„Сакаме да ги истражиме овие шуми одвнатре. За прв пат ќе имаме прецизни податоци за тоа колку јаглерод има во Амазон, Конго и Индонезија“, рече професорот Џон Ремедиос од Националниот центар за набљудување на Земјата, кој ја предложи мисијата на ESA.

Сателитот тежи 1,2 тони и користи методологија слична на CT скенирање, сликајќи ги шумите во „слоеви“ преку повеќекратни прелетувања.
Проф.

- Advertisement -

„Сателитите се единствениот начин да се обезбеди доследно и сеопфатно мерење“, рече тој.

Сателитот е развиен во Обединетото Кралство, а идејата прв ја претставил професорот Шон Куган од Универзитетот Шефилд.

- Advertisement -

Изградбата на рефлекторот на антената и е доверена на американската компанија „L3Harris Technologies, која е специјализирана за големи, преклопливи структури, кои Европа во моментов не ги произведува.
Тимот очекува првите мапи на Biomass да бидат готови во рок од шест месеци, додека податоците за количината на јаглерод складирана и изгубена преку уништувањето на шумите ќе се собираат во следните пет години.

Поради употребата на подолга радарска бранова должина, сателитот ќе може да навлезе во облаците и да обезбедува континуирани и споредливи податоци низ годините.

(N1)

(фото: Wikipedia)

Сподели!
- Advertisement -