Физичар тврди дека има докази дека живееме во компјутерска симулација

- Advertisement -

Во нов труд објавен во списанието AIP Advances физичар од Универзитетот Портсмут, Мелвин Вопсон, понуди ново толкување на гравитацијата, тврдејќи дека тоа би можело да биде резултат на обидот на универзумот да се направи помалку пренатрупан, а со тоа да се однесува како компјутерски алгоритам.

„Ова е уште еден пример за компресија на податоци и пресметковна оптимизација во нашиот универзум, што ја поддржува можноста за симулиран или пресметковен универзум“, напиша тој.

- Advertisement -

Статијата на Вопсон е дел од поголемо движење на научници кои се обидуваат да ги објаснат силите на природата, тврдејќи дека тие се резултат на сеопфатна симулација. Во раните 2000-ти годдини филозофот Ник Бостром предложи дека нашата реалност е компјутерска симулација сонувана од високо напредна цивилизација, повторувајќи го заплетот на блокбастерот „Матрикс“ од 1999 година.

Но, докажувањето на теоријата е трнливо прашање, особено ако се земе предвид дека ако навистина сме заробени во симулација, нејзините креатори веројатно би презеле мерки за да се осигураат дека не можеме да го дознаеме тоа.

- Advertisement -

„Моите наоди во оваа студија се вклопуваат со мислата дека универзумот може да работи како џиновски компјутер или нашата реалност е симулирана конструкција. Исто како што компјутерите се обидуваат да заштедат простор и да работат поефикасно, универзумот можеби го прави истото. Тоа е нов начин да се размислува за гравитацијата. Не само како влечење, туку како нешто што се случува кога универзумот се обидува да остане организиран“, рече Вопсон во изјавата.

Во својата статија Вопсон тврди дека информациите складирани во елементарните ќелии, дефинирани како најмал можен волумен во просторот во квантната механика, ги информираат координатите на материјата во симулацијата, еден вид пикселација на единици и нули.

- Advertisement -

„Процесот е идентичен со тоа како би се дизајнирала дигитална компјутерска игра, апликација за виртуелна реалност или друга напредна симулација. Едноставно кажано, многу поефективно е да се следи и пресметува локацијата и моментумот на еден објект во вселената, отколку бројни објекти. Затоа, се чини дека гравитациската привлечност е само уште еден механизам за оптимизација во пресметковниот процес кој има улога да ги компресира информациите“, вели Вопсон.

Секоја ќелија може да собере повеќе од една честичка, слично како компјутерски систем што ја минимизира содржината на информации.

Вопсон долго време беше поборник на теоријата за симулација, тврдејќи во 2022 година дека геномите на вирусот СОВИД-19 покажале намалена ентропија со текот на времето, поддржувајќи докази за неговиот втор закон за динамика на информации. Во друг труд тој тврди дека информацијата може да биде петта форма на материја, повторно наводно демонстрирајќи дека живееме во симулација.

(Futurism)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -