Екстремната самоимунизација на еден Американец со змиски отров ги инспирира научниците да развијат револуционерен противотров со широк спектар кој би можел да го револуционизира третманот на смртоносните змии.
Опседнатоста на Американецот Тим Фрид со отров од змии за малку ќе го чинеше живот, но исто така го отвори патот за развој на најпознатиот противотров. Во текот на 18 години Фрид 856 пати си инјектирал отров од змија, поднесувајќи каснувања и дози отров од некои од најсмртоносните змии во светот.
Уште од детството Фрид бил фасциниран од змии, кои ги чувал како домашни миленици. Подоцна почнал да им го разредува отровот и да си го вбризгува. Пресвртот дошол кога тој преживеал два каснувања на кобра во рок од еден час.
“Практично умрев, срцето ми застана. Не беше забавно. Имав доволно имунитет за едно каснување, но не и за две. Тотално се зафркнав” изјавил тој за новинарот на National Geographic, Доминик Блис.
Наместо да се откаже, Фрид го засилил сопствениот режим на имунизација, изложувајќи го својот имунолошки систем на отровите на египетските кобри, водените кобри, црните мамба, тајпаните и змиите ѕвечарка. Снимил сè и го објавил на Јутјуб, вклучително и видео на кое го каснал тајпан од Папуа Нова Гвинеја и црна мамба.
Тие снимки го привлекоа вниманието на имунологот Џејкоб Гланвил, директор на биотехнолошката компанија Centivax. Инспириран од уникатниот имунитет на Фрид, тимот на Гланвил ги искористил неговите хиперимуни антитела за да развијат нов противотров.
Во лабораториските тестови новата формула ги заштитилс глувците од отровот на 19 видови змии кои Светската здравствена организација ги класифицира како категории 1 и 2, најопасни. За разлика од традиционалните антиотрови, кои се направени од антитела на животни како коњи и се насочени само кон еден вид змии, оваа формулација, базирана на човечки антитела, нуди поширока заштита и помалку несакани ефекти. Два типа на антитела беа изолирани од крвта на Фрид: LNX-D09, ефикасен против шест видови (девет во комбинација со лекот варепладиб) и SNX-B03, кој обезбеди барем делумна заштита од сите тестирани отрови.
“Кога стигнавме до третата компонента, имавме драматично неспоредлива широчина на целосна заштита за 13 од 19 видови и делумна заштита за преостанатите шест што ги проучувавме” вели Гланвил.
Истражувањето, објавено во списанието Cell Press, се фокусира на змии од семејството на елапиди. Научниците сега планираат да развијат противотров со еднакво широко дејство за семејството на випериди.
„Сега го работиме целиот систем, подготвуваме реагенси и поминуваме низ итеративен процес за да го одредиме најмалиот коктел потребен за широка заштита од отровот на виперидите“, рече Питер Квонг од Универзитетот Колумбија во САД.
Пред да стане достапен за општата популација, противотровот мора да помине низ ригорозни клинички испитувања. Во меѓувреме, планирани се тестови на кучиња каснати од змија во австралиските ветеринарни клиники.
()
()