Научниците успеаја да создадат прв еквивалент на „бомба од црна дупка”

- Advertisement -

Во историски експеримент, физичарката Марион Кромб и нејзиниот тим од Универзитетот во Саутемптон успешно го создадоа првиот лабораториски еквивалент на „бомба од црна дупка“, космички феномен првпат предложен во 1970-тите години.

Нивните резултати, опишани во истражувањето објавено на arXiv и во очекување на објавување во рецензирано списание, симулираат засилување на енергијата што теоретски се претпоставува дека се случува околу ротирачките црни дупки.

- Advertisement -

Инспирацијата за истражувањето доаѓа од предлогот на британскиот математичар Роџер Пенроуз од 1971 година, кој сугерираше дека ротационата енергија на црната дупка може да се пренесе на блиските честички, зголемувајќи ја нивната енергија. Советскиот физичар Јаков Зелдович подоцна заклучил дека за овој ефект не е потребна вистинска црна дупка.

Ако ротирачки, аксијално симетричен објект се стави во резонантна комора, може да се забележи сличен пренос на енергија. Искривувањето на простор-времето или извртувањето на простор-времето предизвикано од ротацијата на црната дупка, е клучот за оваа теорија. Како што честичките се движат низ овој закривен, ротирачки простор (ергосфера), тие добиваат импулс, слично како кога човек оди на лента за трчање. Иако гравитациски индуцираниот ефект не може директно да се реплицира, Кромб и нејзиниот тим користеле магнетни полиња како замена за него.

- Advertisement -

Нивниот уред се состои од ротирачки алуминиумски цилиндар, опкружен со намотки кои создаваат ротирачко магнетно поле. Овие намотки служат и како рефлектори, имитирајќи го затворениот систем подоцна опишан од теоретичарите Вилијам Х. Прес и Саул А. Теуколски, кои ја развија идејата на Зелдович во концептот на „бомба од црна дупка“.

Кога цилиндерот ротирал побрзо од магнетното поле, полето се засилувало. Ако цилиндарот се движел побавно, магнетното поле било ослабено. Оваа јасна разлика го потврдилс предвидениот ефект на враќање на енергијата. Системот ги задоволува експерименталните услови за набљудување на спонтан пренос на енергија предложени од Зелдович и условите дефинирани од Прес и Теуколски. Експериментите презентирани овде се директна реализација на ротирачкиот апсорбирачки засилувач првпат предложен од Зелдович во 1971 година, а подоцна развиен од Прес и Теуколски во концептот на бомба од црна дупка, истакнуваат авторите на гореспоменатата студија.

- Advertisement -

Иако експериментот не претставува никаква опасност, како што сугерира неговото име, тој претставува вредна алатка за проучување на гравитационите екстреми. Секако, потребни се дополнителни истражувања, но гореспоменатото истражување ги приближува научниците до подобро разбирање на најекстремните објекти во универзумот.

(Science Alert)

Сподели!
- Advertisement -