Европската инвестициска банка планира да инвестира 70 милијарди евра во европскиот технолошки сектор

- Advertisement -

Европската инвестициска банка (ЕИБ) планира силна финансиска инјекција во европскиот технолошки сектор и ќе издвои 70 милијарди евра за технолошки компании и научници, пишува германскиот весник „Ханделсблат“

Целта е да се намали заостанувањето на Европа зад САД во инвестирањето во тој сектор, а до 2027 година, 70 милијарди евра ќе бидат ставени на располагање на стартапите, а планот на ЕИБ е да мобилизира дополнителни инвестиции од приватниот и јавниот сектор, објавува Бета.

Благодарение на таа моќ, износот на инвестициите би можел да се зголеми на 250 милијарди, а проектот е фаворизиран и од „ератичната“ економска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, која ги оддалечува научниците од САД и создава неизвесност кај потенцијалните инвеститори, пишува Ханделсблат.

- Advertisement -

„Зборуваме за најголемата програма за финансиски инвестиции во европските иновации и технолошко лидерство досега“, изјави претседателката на ЕИБ, Надја Калвинјо, во интервју за „Ханделсблат“.

Оваа година, ЕИБ планира да ја лансира платформата „TechEU“, која треба да им помогне на научниците и бизнисите да најдат одговори на сите прашања поврзани со финансирањето, а стимулациите на Европската банка ќе бидат „поголеми, побрзи и поедноставни“, рече Калвињо.

- Advertisement -

Целта, според неа, е да се финансираат истражувачки проекти и компании „од идејата, па сè до берзата“. Таа објасни дека, за да се спречи продажбата на технологии во странство, ЕИБ во иднина би можела да им помогне на европските фирми да преземат ветувачки европски стартапи.

Тоа е исто така „излезна“ опција за европските основачи и даватели на ризични кредити, кои досега често го продаваа својот удел на финансиски силни инвеститори од САД, рече Калвино.
ЕИБ ќе соработува со Европската комисија во сè, а националните банки за развој можат да бидат вклучени во процесот, додаде Калвињо.

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -