Црвената боја на планетата Марс доаѓа од минерал кој содржи вода, новото откритие менува се што знаевме досега.
Според една нова студија, црвената боја на планетата Марс доаѓа од ферихидрит, форма на ‘рѓа која се формира во присуство на ладна вода, а не од хематит, сув, безводен тип на железен оксид како што се мислеше претходно.
Ова откритие би можело фундаментално да го промени нашето разбирање за геолошката и климатската историја на Марс. Со децении научниците веруваа дека површината на Марс е црвена поради сувата прашина богата со хематит, која се формирала од реакции на железо со атмосферата во подоцнежните, посува фази на планетата. Сепак, новата анализа покажува дека прашината, всушност, може да содржи ферихидрит, минерал кој се формира кога ќе дојде во контакт со вода со ниска температура.
Истражувачите користеле податоци од Европската вселенска агенција, вклучувајќи ги и орбитерите Mars Express ExoMars, и откриле докази за минерали богати со вода дури и во најправливите делови на Марс. Ова сугерира дека можеби имало повеќе течна вода на планетата отколку што се мислеше.
Според проценките, ферихидритот можел да се формира пред околу три милијарди години, во период кога Марс веќе станувал посув, но сепак имал повремен контакт со вода и вулканска активност, која го топела мразот и дозволувала хемиски реакции со карпите.
Покрај прашината, ферихидритот може да биде присутен и во слоевите на карпите на Марс. Истражувачите планираат дополнителни тестови на примероците за да го продлабочат знаењето за историјата на водата и потенцијалниот живот на Црвената планета, пренесува MSN.
(Benchmark.rs)
(фото: Pxfuel)